Три претстави, концет на Танец и една изложба месецов во Дом на култура „Иван Мазов – Климе“ во Кавадарци
Во организација на Лајонс клуб „Тиквеш“ од Кавадарци од четврток до сабота ќе биде организирана хуманитарно донаторска театарска недела во Дом на култура „Иван Мазов – Климе“.
Во четврток на 9 мај, во 20:00 часот ќе биде одиграна претставата „Вечера за глупаци“ на велешкиот театар „Џинот“ додека во петок од истиот театар во исто време ќе биде одиграна и претставата „Синиот портокал“.
Во сабота, на 11 мај, со почеток во 20:00 часот домаќините, поточно театарот од кавадаречкиот клуб „Иван Мазов – Климе“ ќе ја одиграат претставата „Каша и кубаси“.
-Во среда, на 15 мај, во 19.30 часот ќе биде отворена и постхумна ретроспективна изложба на Андријана Мациев насловена како „Љубов за сите“, додека во четврток, 16 мај, во 19 часот публиката ќе има можност да ужива во концертот на НУ „Танец“ насловен како „Танец низ Татковината“, додаваат од Дом на култура „Иван Мазов – Климе“.
На 21 мај, во вторник, кавадарчани ќе може да ја проследат и театарската претстава „Убавицата и ѕверот“ на Театар при Дом на култура „Иван Мазов – Климе“ со почеток во 19:00 часот.
Стефани Манева