Коки: Добар е оној маж, кој заспива само тогаш кога се разденува!

Објавено на 6 мај, 2024 во 11:48

Заради сериозноста на темите, на некои од денешните афоризми, мислата ќе им биде продолжена и по слободна, па затоа тие воопшто нема да бидат смешни смета афористичарот Никола Бошковски Коки:

-Сите му се тргаат од патот и тој пак, се направи…сам.

-Некои недолични, алчни и нечуствителни политичари, кои воопшто немаат почит и чувство кон сопствениот народ, на овие парламентарни избори, повторно, бесрамно бараат нов мандат.

-Постојат луѓе кој лудуваат по жени но и луѓе…кои полудуваат од жени.

-Во обидот да извојува конечна, изборна победа, на една политичка партија несомнено ќе и недостигаат гласовите на зголемените петте проценти пензии на пензионерите.

-Добар е оној маж, кој заспива само тогаш кога се разденува.

-Лидерите на некои маргинални, политички партии, предизборно се откажаа од своите програмски определби и пак си ја променија страната. Сега, откако завесите конечно ќе паднат, јасно ќе се види каде се „вдомиле”, со кого и како успеале да си ја најдат сметката.

-Денес, за жал, на многумина луѓе сексуалната моќ им е уште помала…од куповната.

КОКИ

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.