(фото и видео) На 9-ти мај одадена почит на загинатите борци од НОВ на велешка Спомен Костурница
Објавено на 9 мај, 2024 во 14:36
Делегација на Општина Велес предводена од градоначалникот Марко Колев заедно со советници, институции и политички партии положија свежо цвеќе пред спомен бистата на паднатите борци за слоба во Спомен Костурницата и им оддадоа почит на жртвите на фашизмот чии мошти почиваат токму во неа. На одбележувањето 79 годишнината од победата над фашизмот градоначалникот Марко Колев во кратка изјава потенцираше дека не постои поубаво чувство за еден човек од живеењето во слобода.
Инаку, на 9 мај во 1945 година со потпишувањето на безусловна капитулација на нацистичка Германија официјално беше ставен крај на Втората светска војна која однесе 50 милиони животи.
Стефани Манева
фото: