Млад велешанец заврши во притвор за малтретирање на мајка и баба
Осум дена притовор за 29 годишен велешанец што во два наврати ја загрозил сигурноста на својата мајка и баба. Тој со нож им се заканувал дека ќе ги убие и расече доколку не му дадат пари. Кога неговата мајка на 16 мај, годинава, се обидела да побара помош од полиција, 29 годишниот велешанец употребувајќи вулгарни зборови го скршил нејзиниот мобилен телефон. Ден подоцна, тој повторно го сторил истото со што ја загрозил сигурноста на свото семејство.
Основното јавно обвинителство Велес, поведе постапка против него за постоење на основно сомневање дека сторило кривично дело – Загрозување на сигурноста од Кривичниот законик со тоа што постапил спротивно на моралните норми за семејни вредности и роднински врски во однесување кон мајката и бабата како оштетени.
Судијата на претходната поспатка при Основен суд Велес, го прифатил предлогот на обвинителството и на осомничениот му определил притвор во времетраење од осум дена.
Стефани Манева