Димче Тодорвски нов шеф на стручниот штаб на ФК „Локомотива“ од Градско
Објавено: 7 јули, 2021, во 08:42 часот
Второлигашот „Локомотив“ од Градско во првенството на втората фудбалска лига ке го води Димче Тодоровски, поранешен фудбалер од Велес. Тренер на голманите е Сашко Паунов. Минатосезонскиот тренер Сашко Пановски останува во стручниот штаб.
Според Тодоровски, во клубот остануваат сите играчи кои го остварија втолигашкиот статус. Во меѓу време екипата е појачана со осум играчи и се преговара со уште неколку од прволигашите „Борец“ и „Тиквеш“.
Подготовките на играчите ќе се одвиваат во Градско на теренот што го изгради Агенцијата за спорт и млади. Додека траат горештините ке се тренира под рефлектори.
Исто така стручниот штаб договори шест пријателски среби.
Главна цел во претстојната сезона е опстанок во втората македонска фудбалска лига. Општина Градско и бизнис секторот ги обезбедија финансиските средсва за престојната сезона.
Лазар Лазаровски
