Почина работник во велешка фирма
Објавено на 8 јули, 2021 во 13:18
На шеесет и едно годишниот работник К.И од село Лугунци, вчера, околу 10 часот, додека бил на работното место и извршувал работни задачи му се влошила здравствената состојба.
Била повикана медицинска екипа но, здравствените работници штом стигнале само констатирале смрт кај работникот. На неговото тело немало траги на насилство.
Исто така во фирмата увид извршила екипа од СВР Велес додека по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот К.И било предадено на обдукција.
Убавка Јаневска