МЗ: Ревакцинирани се над 372.000 граѓани
На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера се вакцинирале вкупно 506.033 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 3.770 граѓани, а се вакцинирале вкупно 14.230 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 878.290 дози вакцини, а ревакцинирани се 372.257 граѓани, соопшти Министерството за здравство.
Со последните бројки 63% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 61% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, 56% од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 46% од населението над 50 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.
Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата, велат од здравство. Додаваат дека процесот на теренска вакцинација се одвива на територија на цела држава, со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место, населба.