Жена тепала маж и возрасен граѓанин малолетник
Објавено на 5 август, 2021 во 11:26
Во Полициското одделение Чашка, вчера напладне, А.М.(56) од село Горно Јаболчиште пријавил дека околу 11.30 часот во селото неговиот малолетен син бил физички нападнат од соселанецот Ш.А.(45).
Втората тепачка се случила во вторникот, на 3 август, годинава околу 23:30, во семеен дом во Росоман кога сопругата Ж.Ј.(36) физички го нападнала седум години постариот сопруг. Тепанипт маж нападот во ОВР Кавадарци го пријавил наредниот ден, среда, 4 август во 10:05 часот.
-По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави, рече портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.
Убавка Јаневска