Починаа две лица од Ковид -19 во велешка болница
Објавено на 4 октомври, 2021 во 17:11
Осумдесет и три годишно лице од Велес и шеесет и три годишно лице од Свети Николе починаа во изминатите дваесет и четири часа во болницата во Велес.
Во неа денеска вкупно се хоспитализирани 65 ковид пациенти , од кои 53 се потврдени позитивни, еден е сомнителен и 11 пациенти се со негативен тест но, задржани на болничко лекување.
На кислородна поддршка се 30 пациенти.
Најголем број на пациенти се лекуваат на Инфективно одделение поточно 37, во Модуларна болница 21 и на Интерно седум.
Убавка Јаневска