Жена пронајдена мртва во својот дом во Велес
Објавено на 12 октомври, 2021 во 12:50
Седумдесет и четири годишна жена, Г.З е пронајдена почината во својот дом, на улица „Гемиџиска’ во Велес. Од екипа на Итна медицинска помош била констатирана смрт без траги на насилство. Случајот бил пријавен во Сектор за внатрешни работи Велес, вчера, 11 октомври околу 18:00 часот.
Порпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски, информира дека по наредба на Јавен обвинител телото на починатата било предадено за обдукција.
Стефани Манева