Триесет и двајца потврдени од вкупно 48 пациенти со Ковид-19 во велешка болница
Објавено на 7 ноември, 2021 во 15:44
За тројца пациенти се чекаат резултати од анализи, денеска, кога во ЈЗУ Општа болница Велес примен и испишан е по еден пациент. Од вкупниот број на лежечки пациенти 26 или повеќе од половина се на кислородна поддршка.
-Најголем број на пациенти зависни од кислород се лекуваат на Инфективно поточно 14, во Модуларна болница девет и на Интерно одделение 4 пациенти. Иста е состојбата и со вкупниот број на болнички згрижени пациенти со коронавирус. На Инфективно одделение се лекуваат 24, во Модуларна болница 17 пациенти и на Интерно одделение , Б оддел, седум пациенти, соопшти портпаролката д-р Елена Лефкова Ќулумова.
Убавка Јаневска