Со тројца новопримени вкупно 20 ковид пациенти во велешка болница
Објавено на 3 јануари, 2022 во 15:14
Дванаесет потврдени и двајца непотврдени пациенти, во изминатите 24 часа, се лекуваат од Ковид-19 во велешка болница. Од нив тројца се новопримени. На болничко лекување се наоѓаат уште шест пациенти коишто се негативни но и зависни од здравствена помош.
-Нема испишани во изминатото деноноќие. Од вкупно 20 на кислородна поддршка се 11 пациенти. На инфективно одделение се лекуваат 15 додека на оддел Б на Интерно одделение пет пациенти, соопшти д-р Елена Левкова Ќулумова, портпаролка на ЈЗУ Општа болница Велес.
Убавка Јаневска