Мехмедовиќ: Бремените жени како приоритет да ја сфатат вакцинацијата за да го заштитат своето здравје
Портпаролот на Комисијата за заштита од заразни болести Злате Мехмедовиќ во емисијата 24 анализа рече дека Комисијата при носењето на заклучоците се водеше по научните базирани докази.
– Бремените жени како приоритет треба сериозно да ја сфатат вакцинацијата за да го заштитат своето здравје, зошто бременоста е дополнителен ризик. Релевантните институции препорачуваат да има вакцинација особено на бремените жени да се превенира нивното здравје. Треба да се минимизира разикот на работното место за бремените и да бидат максимално заштитени. Од тој аспект беше разгледувано за воведување на ваквата мерка, но тоа не е дефинитивна одлука, туку препорака до министерот за здравство, рече Мехмедовиќ.
Досега во земјата се направени вкупно 1.874.917 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на Ковид -дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 294.407, бројот на оздравени пациенти е 279.695, на починати е 8.937 а бројот на активни случаи изнесува 5.775.