Казнети 28 пешаци на подрачјето на СВР Велес
Објавено на 25 февруари, 2022 во 15:16
На подрачјето на Сектор за внатрешни работи Велес, вчера, била спроведена пет часовна акциска контрола за санкционирање на прекршоци коишто ги прават пешаците во сообраќајот.
-За време на акцијата од 11:00 до 16:00 часот биле констатирани и санкционирани 28 прекршоци од кои 18 во Велес, шест во Кавадарци и четворица во Неготино, пишува во дневниот билтен на Министерство за внатрешни работи.
Стефани Манева