Поради снежна покривка патот од село П’ клиште до село Герман е непрооден за сите видови моторни возила
Oд 07:00 часот на ден 10.03.2022 година, Регионалниот пат R-2248 село Ранковце – село Герман , на потегот од село П’ клиште до село Герман, Општина Ранковце е непрооден за сите видови на моторни возила, поради снежна покривка.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Авто Мото Сојуз на Македонија препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.