Забрана за сообраќај за тешки товарни возила на Ѓавато и на патот Тетово – Попова Шапка
Објавено на 26 декември, 2024 во 09:18
Утрово од 7:00 часот воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила на планинскиот премин Ѓавато и на патниот правец Тетово – Попова Шапка соопшти АМСМ.
„Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонија пат,“ посочуваат од АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Дума.мк