На отворањето на сезоната Здружение на спортски риболовци „Бабуна“ втори
Започнаа натпреварите од првата спортско риболовна лига на Македонија во лов риба со јадица на пливка. На патеката ,,Брушани” на тиквешкото езеро се одржа првото коло со учество на 12 екипи од државата.
Екипата на Здружението на спортски риболовци „Бистро“ од Струмица стартуваше најдобро и забележа победа со 8 секторски поени. Втора е „Бабуна’ со 11 и трет скопски „Вардар“ со 12 поени. Вториот велешки претставник екипата на ,,Кркушка” е седма со 19 секторски поени.
Поединечно најдобар на патеката беше Владо Тодоровски од велешка „Бабуна“ со 5611 бода. Првото коло помина во одлична оргнизација на македонската риболовна федерација и домаќинот здружението на спортски риболовци ,,Оскар” од Кавадарци.
Лазар Лазаревски