Неделен афористички поздрав од „Коки“
Објавено на 12 декември, 2022 во 09:57
Велешкиот афористичар Никола Бошков – Коки и овој понеделник со шест нови афоризми за читателите на Дума.мк. Уживајте: ?
-Првата љубов е ЕВЕРГРИН, сите останати се само ХИТОВИ.
-Политичките води се мирни се дотогаш, додека некој недоветен политичар со својата неукост и ароганција, не започне да ги бранува.
-Многумина луѓе доживуваат брачен бродолом, претежно заринкуваат кај комшивката.
-Само наивните мажи во бракот го превртуваат другиот лист, мудрите ја превртуваат…сопругата.
-Кога мажот најчесто е во кафеана, на таквиот брак многу бргу му е дојден…ФАЈРОНТ.
-Им изразувам голема благодарност на уредниците на вечерната спортска ТВ програма…жена ми секогаш заспива пред мене.
Афористичар
Никола Бошков – Коки