Неделен афористички поздрав од „Коки“

Објавено на 12 декември, 2022 во 09:57

Велешкиот афористичар Никола Бошков – Коки и овој понеделник со шест нови афоризми за читателите на Дума.мк. Уживајте: 😊

-Првата љубов е ЕВЕРГРИН, сите останати се само ХИТОВИ.

-Политичките води се мирни се дотогаш, додека некој недоветен политичар со својата неукост и ароганција, не започне да ги бранува.

-Многумина луѓе доживуваат брачен бродолом, претежно заринкуваат кај комшивката.

-Само наивните мажи во бракот го превртуваат другиот лист, мудрите ја превртуваат…сопругата.

-Кога мажот најчесто е во кафеана, на таквиот брак многу бргу му е дојден…ФАЈРОНТ.

-Им изразувам голема благодарност на уредниците на вечерната спортска ТВ програма…жена ми секогаш заспива пред мене.

Афористичар

Никола Бошков – Коки

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.