Пронајдено починато машко лице во стар објект на врвот на „Клепа“
Објавено на 21 декември, 2022 во 10:38
Министерство за внатрешни работи соопшти дека на 19 декември, понеделник, во стар објект на врвот на „Клепа“ во Градско било пронајдено починато машко лице. Случајот во Сектор за внатрешни работи Велес бил пријавен во 11:00 часот.
Оттаму информираат дека за случајот е известен Јавен обвинител по чија наредба телото на починатото лице е дадено на обдукција.
На местото на настанот увид извршила екипа на Сектор за внатрешни работи Велес.
Дума.мк