Сончево со локална облачност и слаб ветер
Објавено: 24 март, 2023, во 09:04 часот
Времето денеска ќе биде претежно сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од југозападен правец.
Наутро во долниот тек на Повардарието ќе има појава на ниска облачност.
Температурата ќе се движи од 1 до 22 степени.
Во Скопје сончево со мала локална облачност и со слаб јужен ветер.

Дума.мк



