Од понеделник стабилно и топло време, дотогаш врнежи од дожд
Објавено: 16 јуни, 2023, во 09:24 часот
Времето денеска променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд, кои на повеќе места ќе бидат пообилни (над 25 l/m²) и проследени со појава на грмежи. Попладне ќе има услови локално процесите да бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме со пообилен дожд за кратко време, засилен ветер и изолирана појава на град.
За време на викендот врнежите ќе бидат локални и проследени со ретки грмежи, а ќе дува и засилен северен ветер.
Од понеделник времето ќе биде стабилно и потопло.
Дума.мк


