Целосен прекин на сообраќајот на автопат Градско – Прилеп (видео)
Објавено на 17 јуни, 2023 во 09:53
СВР Велес извести за целосен прекин на сообраќајот од 07:30 часот утрово, на автопатот „Градско-Прилеп“, кај село Реац, меѓу тунелите на место викано „Раечка река“, заради излевање нa коритото на истоимената река покрај патот.
Согласно информацијата од АМСМ на клучката кај „Мотел Дреново“, на коловозот има големо количество вода, додека пред тунелите кај „Плетвар“ има свлечиште и одрон од карпи.
Се преземаат мерки за расчистување. На терен се тим од Полициската станица ПС Градско и екипа со механизација којашто работи на испумпување на водата и расчистување на патот.
Дума.мк
Видео: РЦУК