Хуманитарката Ленче Здравкин е годинешен добитник на „Повелба на Република Северна Македонија“

Објавено на 21 јуни, 2023 во 15:16

Помеѓу годинешните четворица добитници на „Повелба на Република Северна Македонија“ годинава е и велешанката Ленче Здравкин. Хуманитарката „Повелбата“ ја доби лично од Претседателот Стево Пендаровски на свечена церемонија во Кабинетот на македонскиот Претседател.

Здравкин  високото признание го добива за својата работа и посветеност како хуманитарка со што даде огромен придонес за за помош и поддршка на обесправените и угнетените како и за афирмација на нашата земја на меѓународно ниво.

Во своето обраќање претседателот Пендаровски посочи дека е препознатлива улогата и значењето на граѓанските организации, како и на поединци кои преку работата во нив, но и самостојно, придонесоа за македонската демократија и македонското општество. Тој истакна дека без силен и развиен граѓански сектор не е можна успешна и демократска Македонија и изрази надеж дека денешниот настан ќе претставува дополнителна мотивација за сите активисти во невладините организации, но и за бројни поединци кои секојдневно прават добри дела. Претседателот Пендаровски им честиташе на добитниците и им се заблагодари за се што досега имаат направено и порача да останат и понатаму посветени на благородната кауза.

Освен Ленче Здравкин, годинешни добитници, на Повелбата на Република Северна Македонија се и трите граѓански организации „СОС Детско Село“, Центарот за балканска соработка „ЛОЈА“, Движењето „Полио Плус“ како и поединците Биба Додева, Савка Тодоровска и Ристо Донев.

Погледнете го видео материјалот којшто го содржи образложението на високото признание што го доби велешката хуманитарка Ленче Здравкин.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.