Сончево и топло со мала до умерена локална облачност, можен локален пороен дожд и грмежи

Објавено на 18 август, 2023 во 08:06

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Во попладневните часови, претежно во западните делови облачноста ќе се зголеми и ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 23 степени, додека максималната ќе достигне 38 степени.

Во Скопје времето сончево и топло со мала до умерена облачност поголема во попладневните часови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Времето во наредните денови ќе биде многу топло. Дневната температура во поголемиот дел од земјава ќе надминува 35 степени. Изолирана појава на пороен дожд и грмежи ќе има денес претежно во западните делови во попладневните часови и утре од средината на денот. Во недела и понеделник особено вдолж Повардарието ќе засилува северен ветер.

Извор: УХМР

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.