(Фото и видео) Деца, граѓани, музичари, групи но и плех музика на прва вечер на „Питијада 2023“ во Велес
Објавено на 7 октомври, 2023 во 12:05
Градоначалникот Марко Колев ја отвори,вчера вечер, традиционалната манифестација на храна и вино „Питијада 2023“. Тој ги поздрави присутните граѓани, сограѓани, гости од други градови на Македонија и им посака убава забава на тридневната манифестација посветена на традиционалниот велешки специјалитет.
Првите гости веќе во 19 часот ја дегустираа првата понуда од велешка пастрмалија и вино на штандовите поставени на улица „Благој Ѓорев“. Река од народ доаѓаше од двете страни, долната од центарот на градот и горната, од Нова Населба, додека екипата на Дума.мк беше присутна на терен. Меѓу нив беше и плех музичката група од Радовиш.
Дума.мк ви ја пренесува вечерната атмосверата и низ фотографии на „20two студио“ на манифестацијата во Велес.