Велешките пожарникарите гаснеле стрниште кај село Клуковец

Објавено на 26 октомври, 2023 во 10:13

Блокот со стрниште се запалил вчера, околу 15:00 часот, кога и Територијалната противпожарна единица примила дојава за пожарот. Во гаснењето на огнот кај село Клуковец учествувале едно противпожарно возило и четири пожарникари спасители.

„Со брзата интервенција спречено беше пожарот да се прошири,“ соопштија од ТППЕ Велес.

Оттаму повторно апелираат до граѓаните да не се пали оган на отворен простор, како и доколку се забележи пожар очевидците веднаш да се јават на бесплатните телефонски броеви 112 или 193.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.