Болест на окото, дамка – дегенерација

Симптоми
Матна и искривена слика , особено кога читате.
Постепено, безболно губење на прецинзата средишна слика.
Слепи дамки во средишниот дел на видното поле, рамни линии што се појавуваат брановито.
Кога треба да се обратите на лекар?
Ако се појави кој било од горенаведените симптоми, а никогаш порано не сте биле кај очен лекар.
Потоа ако се појави кој било од горните симптоми а имате хипертензија, дијабетес или срцеви заболувања. Тогаш вие се наоѓате во високоризична група за напреден влажен или мокар облик на дегенерација на дамката на окото. Секоја абнормалност во вашата слика е знак дека можеби ќе се појави ова нарушување.
Или ако веќе ви е дијагностицирана дегенерација на дамката на окото поврзана со годините и тогаш откриете слепи дамки во своето видно поле , печатени нешта ви се чинат искривени или рамни линии ви изгледаат брановити. Можеби кај вас ќе се развие влажен облик на дегенерација на окото.
Лекување
Дегенрацијата на дамката на окото е иреверзибилна така да луѓето кои ќе го добијат сувиот облик на старечка дегенерација на макулата обично тоа го надополнуваат со избирање крупен печат и леќи кои ја зголемуваат сликата во секојдневните активности.
Влажниот облик на старечка дегенерација може успешно да се лекува со ласерска операција .
Божана Ќулавкова
