Хемороиди – Внатрешни и надворешни хемороиди (Аудио)

Објавено на 15 февруари, 2022 во 11:33

Внатрешните хемороиди се сместени длабоко во внатершноста  на дебелото црево и неможете да ги видите или да ги почувствувате . Тие главно не се болни бидејќи во ректумот нема поголем број на нерви чувствителни на болка па крварењето често е единствен знак  на нивно постоење. По правило таквите хемороиди со време ќе се повлечат во внатрешноста на правото црево.

Надворешните хемороиди се наоѓаат во анусот и главно се болни. Ако надворешниот хемороид се спушти(најчесто во текот на празнењето на цревата) можете да го видете и напипате . Некогаш во такви случаи се создаваат ситни грутчиња -тромоза. Тие по правило не се опасни и ќе поминат самите од себе во рок од една седмица. Ако болката е неподнослива, лекарот може да го острани грутчето, а со тоа и болката со едноставен зафат што може да се изврши во орданацијата.

Секако аналното крварење и појавата на болка заслужуваат внимателна проценка од лекар, бидејќи можат да упатуваат на можна смртна болест како што е рак на дебелото црево. Затоа е потребна лекарска дијагноза и правилно лекување.

Божана Ќулавкова 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.