„Исправи се Делфина!“ – новинарки од локални медиуми под канонада дискредитации (видео и фото)

Објавено на 18 декември, 2024 во 09:15

Опомени пред тужби, тужби за клевети и навреди со барање на надомест на штета, вербални со сериозна опасност да преминат во физички напади, телефонски закани како и споделување на мислења на социјални мрежи со цел омаловажување преку „невистини“ за медиумски производи чии авторки се новинарки во локалните заедници во државата.

Вака локални моќници, заедно со обични граѓани, бизнисмени или избрани функционери со нивни поддржувачи, се одмаздуваат по објавени приказни од јавен интерес од страна на млади или за истражувања на искусни новинарки во локалните медиуми низ земјата. Опоменатите, тужените, нападнатите или навредените авторки на медиумските производи скоро секојдневно пишуваат и објавуваат приказни за оштетени или обесправени граѓани во кои поттикнуваат поединци или институции на примена на право и правда. Но кога тие имаат ваква потреба, најчесто не добиваат поддршка од колеги додека граѓаните или молчат или си дозволуваат учество во јавниот линч. 

Фото: Анета Блажевска, новинарка од Битола

Новинарката Анета Блажевска, дописничка од Битола неодамна е осудена за клевета од Основен суд во Битола, иако не се усвоени сите барања на тужителката, поради текстови за злоупотреби во битолскиот Средношколски дом. За постапката по жалба сега ќе одлучува Апелациски суд во Битола. Блажевска претходно, во 2014 година, за објавен текст беше тужена од екс-градоначалникот Владимир Талески, случај кој новинарката во кривичниот прогон го доби.

Сега Блажевска во граѓанска парница заработи тужба од директорката на битолскиот средношколски дом „Мирка Гинова“. Тужбата е за одговорност, за клевета како и за надомест за нематеријална штета во висина од 2.000 евра. Блажевска во новинарско истражување ги објавила сознанијата до коишто дошла, ги истражила и вели дека има докази обезбедени преку укажувачи, за злоупотреба на јавен интерес од страна на тужителката.

„Мене не ми е јасно зошто е ова судење за кое што мислам дека е апсолутно  непотребно. За што да се бранам? За тоа што е докажано што правела директорката? Исто така јасно е дека и понатаму за неа ќе има судски постапки за злоупотребата на службената положба“, рече Блажевска за Пина.мк.

Серијата од објавени текстови на Блажевска охрабри група вработени во „Мирка Гинова“ да пријават психичко и физичко малтретирање од Спасеновска во Трудова инспекција. Инспекторите констатираа и мобинг, за што Блажевска повторно пишуваше. Новинарката додаде дека покрај тоа што е стресно седнувањето на обвинителна клупа, исто така, во судските процеси се губи енергија и се што се случува се одразува на нејзиното семејство. Сепак судењето за Блажевска само е поттик да не застане туку да продолжи да открива злоупотреби, особено поврзани со државни службеници.

„Ова е една вистина, а јас, новинарката, се чувствувам како чувар на вистината. Имам одговорност да им укажам на органите на прогонот дека се случува криминал во државни институции“, додаде Блажевска за Пина.мк.

Оваа новинарка, во исто време, биеше уште една битка за вистина со поранешната Министерка за култура, Бисера Костадиновска. Сепак, министерката за истражувањата и објавените текстови на Блажевска, поврзани со имотната состојба, се жалеше само до Совет на честа на Здружение на новинари на Македонија.

ТУЖБИ ОД ПОЗИЦИЈА НА МОЌ

Новинарките во внатрешноста на државата имаат идентични ставови кога во прашање е нивната професионалност за која велат дека ги изложува на се поголем број на напади, на говор на омраза, на дискриминација и на дискредитација. Тие генерално не сметаат дека се исклучок од перцепцијата на јавноста кон жената воопшто, но затоа што се похрабри, умеат да изградат став, покрај обврската професионално да ги пренесат мислењата на изворите на информации, тогаш неизбежно е да станат „трн во око“ на локални моќници, па и на маргинализирани ликови кои се приврзаници на нечии идеологии или политики.

Фото: Оливера Пешевска, новинарка од Куманово

Случајот на новинарката Оливера Пешевска од порталот „Куманово њуз“ говори како бизнисмен си земал за право да упати закани кога од него бил побаран став за решение на граѓански комунален проблем. 

„Имав непријатно искуство со бизнисмен кого не го познавав кога контактирав со него на телефон. Се изнаслушав на пцовки, навреди и закани. Индикативно беше тоа што веднаш штом се претставив од кој медиум сум започна канонадата. Веројатно беше запознат со нашата работа. Пишувавме серија на приказни за еден комунален проблем во Куманово, за којшто граѓаните постојано ни пишуваа, не известуваа, ни испраќаа фотографии, со надеж дека ако проблемот го задржат во медиумски фокус побрзо ќе дојдат до соодветно решение“, рече Пешевска за Пина.мк.

Оваа новинарка откри дека заканите биле упатени лично кон неа затоа што бизнисменот ја предупредил да го запомни бидејќи добро ќе и наштети.

„Ветуваше дека ќе ми наштети алудирајќи дека работам против локалната власт во Куманово и дека за тоа сум платена од некого со цел да ја дискредитирам нејзината работа. Во тој момент заканите ме вознемирија, не ми беше сеедно, но и до денешен ден чувствувам нелагодност кога ќе се сетам на разговорот“, додаде Пешевска за Пина.мк. 

Новинарката откри дека случката е поврзана со почетокот на нејзината професионална кариера и призна дека во дадениот момент не се снашла соодветно затоа што не ја пријавила ни во полиција, ниту во еснафското здружение.

Слично почетно искуство има и новинарката Стефани Манева од порталот Дума.мк. Неа во Велес и се случи инспектор на увидна полициска екипа да и го одземе мобилниот телефон и да ги избрише фотографиите од сообраќајна несреќа, на железничката пруга Велес – Гевгелија , која минува во центарот на градот.

Фото: Стефани Манева, новинарка од Велес – прва од лево на фотографијата

Во нејзиниот случај веднаш остварената комуникација преку електронска пошта со Министерството за внатрешни работи и разјаснувањето на ситуацијата дадоа резултати. Новинарката фотографираше повторно, од иста, соодветна, далечина на местото на несреќата, МВР јавно се извини, а Крим инспекторот беше испитан од внатрешната контрола на МВР. 

Закани, клевети и навреди постојано се присутни во новинарската професија, тврди младата новинарка Лаура Стојанова од регионалната телевизија „МНет“, со седиште во Штип.

Фото: Лаура Стојанова, новинарка од Штип

Покривајќи поголема територија од источниот дел на државата, Стојанова, многу тешко можеше да издвои само два случаи кога директно се соочила со заканувачи. Првиот, кога била предмет на вербален напад во којшто секунди ја делеле од ќотек, од незадоволен граѓанин, за објавена приказна на незадоволна мајка од вистината што во телевизиска емисија на друг медиум ја соопштила родената ќерка и втор пат, кога засегната државна институција и упатила закани за одмазда не само кон неа туку и кон членовите на нејзиното семејство.

ЛОКАЛНОТО  НОВИНАРСТВО УМИРА А НОВИНАРКИТЕ СТАНУВААТ ЕНДЕМСКИ  ВИД

Сузана Мицева сега е речиси единствена новинарка во државата којашто работи за национален медиум и известува од територија со 200.000 граѓани. Долгогодишната работа во југоисточниот дел на Македонија со право и дава можност да констатира дека во услови кога локалното новинарство тивко умира тогаш доведен во прашање е и опстанокот на новинарките. Ниту Мицева не е заобиколена од обид да биде професионално дискредитирана како новинарка на локалната телевизија Вис и дописничка на ТВ Телма. Нејзиниот случај е поврзан со статус напишан од службеник на засегната локална институција на Фејсбук.

Фото: Сузана Мицева, новинарка од Струмица

„Јас имав една таква ситуација пред неколку години кога известував за еколошки теми и упорно барав информации од една општина и нејзината канцеларија за односи со јавност, но службеникот со којшто лично се познавав или ми даваше половични одговори или воопшто не ми одговараше на прашањата. Во еден момент незадоволни од телевизиската приказна објавена на медиумот за којшто работев се најдов јавно повикана со статус на Фејсбук напишан од лицето за односи со јавност на таа општина. Се почувствував погодена и навредена“, рече Мицева за Пина.мк.

Имајќи предвид дека на социјалните мрежи лесно се „лепат“ негативни коментари, особено за прозивка на новинарската работа од страна на поддржувачи на градоначалник или пријатели, Мицева за да се заштити одговорила на прозивките. 

„Водена од инстинктот дека треба да се заштитам како професионалец, не само како жена, којашто не треба јавно да биде линчувана за професионално подготвен медиумски производ, одговорив јавно дека ќе поведам правна постапка за напишаниот статус. Човекот најверојатно стана свесен за направената грешка и јавно ми се извини. Напиша дека никогаш немало непрофесионален однос од моја страна што сметам дека по брза постапка го реши проблемот кој го создаде и придонесе ако не на долг, тогаш на краток рок, да се спречи нарушување на мојот професионален интегритет, како и амортизирање на стресот што го преживеав бидејќи не стануваше збор за пропуст или неетичко однесување од моја страна“, додаде Мицева за Пина.мк. 

Во професионалната работа новинарките, особено младите, треба да ја востановат добрата практика на зачувување на напишани мејлови, пораки во мобилните телефони, принт скринови, видео снимки. Тоа се факти што се користат во одбрана на личниот и професионален интегритет, како и докази за потврда на вистината при неочекуван напад. 

ПРИЈАВУВАЊЕТО ОСНОВ НА БОРБА ПРОТИВ НАПАДИТЕ 

Праксата и статистиката на адвокатскиот тим на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), кој ги брани новинарките во граѓански или кривични постапки, покажа дека во внатрешноста на државата тие се соочуваат со сериозни напади независно дали се во реалниот или виртуелниот простор. Половина од пријавените се онлајн и родово базирани напади во професијата што значи дека новинарките се почесто се жртви во споредба со колегите новинари. 

„Меѓутоа загрижува фактот дека новинарките од внатрешноста помалку се охрабруваат да ги пријавуваат нападите, независно дали во ЗНМ или во локалните органи на прогон, како полиција и обвинителство во споредба со колешките во Скопје. Мора да се работи на поттикнување на свеста на новинарките, да се охрабрат да ги пријавуваат без разлика дали се во онлајн или оффлајн просторот бидејќи станува збор за одбрана и за сопствена безбедност. Од сите, но особено од јавни функционери или личности, бизнисмени или локални моќници и да бараат помош“, рече адвокат Иван Брешковски за Пина.мк, кој е дел од адвокатскиот тим на ЗНМ.

Македонија бележи континуиран пад на процентот на одржливи медиуми во локалните заедници. Мал е бројот на ентузијастки во нив кои во одбрана на професијата вложуваат натчовечки напори, а дел и меѓусено се храбрат со мотивот од култното филмско остварување „Исправи се Делфина“ кога треба да ги пребродат разните видови и методи на притисоци. Тие се жени. Во приказнава се само неколку од нив. Сите ја докажуваат вистината, низ секојдневната или во истражувачката работа за што значајна им е самопомошта што можат да си ја дадат една на друга. Тоа досега се покажа ефикасно во примерите кога на јавен линч беа изложени колешки чија професионална работа во микро средините не беше секогаш разбрана од засегнатите страни. 

Авторка: Убавка Јаневска

Текстот е изработен во рамки на Програмата за жени новинари на ПИНА

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.

8xbet
8xbet
8xbet
8xbet
8xbet
8xbet
8xbet
8xbet
8xbet
8xbet
8xbet
8xbet
xổ số mega ngày mùng 9 tháng 7
trang cá cược bóng đá uy tín nhất hiện nay
khuyến mãi 8xbet
những ngã rẽ cuộc đời thuyết minh
lich thi dau mi
kết quả xổ số vietlott mega ngày hôm nay
kết quả bóng đá russia 2nd division
kết quả bóng đá giao hữu u23 trung quốc
xem trực tuyến vtv3
đền thờ vua thủy tề
socolive tv trực tiếp bóng đá
lịch thi đấu giải hạng nhất quốc gia nam 2024
bóng đá soi kèo nhà cái
động cơ xăng có tỷ số nén từ
quy định tỷ lệ thương tật
lich thi dau bong da.hom.nay
trực tiếp đá banh giải euro 2014
live champions league gratis
xổ số miền nam ngày 19 tháng 04
xổ số đồng nai 15 tháng 10
ku casino app
nagavip39club - cổng game quốc tế android
xổ số mega ngày 24 tháng 04 năm 2024
tiền thưởng bóng đá nữ việt nam
8xbet
xổ số vĩnh long sông bé thứ sáu
kết quả xổ số đồng nai 7/2/2024
xổ số ngày 17 tháng 3 đài sóc trăng
cá cược bóng đá euro 2024
kết quả xổ số miền bắc của ngày
vì sao ở nước nga năm 1917 lại có hai cuộc cách mạng
gamepoker
ghi âm cuộc gọi trên huawei nova 3i
xo so thong ke
slovakia – ukraine kèo nhà cái
copa america đài nào
du đoán xsmb
dự đoán xổ số minh ngọc bến tre hôm nay
trang cá cược online tốt nhất full
only 13 teams in the first world cup
cách rút tiền từ fb88
kết quả bóng đá đội fulham
kết quả xổ số thành phố ngày 15 tháng 2
Lịch thi đấu tiger cup 2020
kết quả xổ số ngày mùng 6 tháng 11
lời cuối cho cuộc tình đan nguyên
trực tiếp euro world cup
đội hình man city gặp tottenham
vòng loại thứ 3 world cup 2022 thể thức
kết quả bóng đá 7cm
dự đoán kết quả xổ số hôm nay
xổ số 666
cách cài ghi âm cuộc gọi cho iphone 6
app đánh bài đổi thưởng uy tín
8xbet
atletico man utd
kết quả lịch thi đấu vòng loại world cup 2024
8xbet Trang Chủ Chính Thức
8xbet apk
8xbet baccarat
8xbet có uy tín không
8xbet fun
8xbet games
8xbet games
8xbet guru
8xbet keo
8xbet kiến thiết
8xbet login poker
8xbet ltd
8xbet man city deal
8xbet may
8xbet media
8xbet slot auto
8xbet slot game
8xbet tv
8xbet tài khoản
8xbet tài trợ man city
8xbet Đăng nhập
8xbet ✅ nhà cái cá cược bóng đá
8xbet.top
app 8xbet
baccarat 8xbet
baccarat trực tuyến 8xbet
casinos with baccarat 8xbet
chơi baccarat 8xbet
doanh thu cược 8xbet
dương cẩm lynh đánh bạc 8xbet
dương cẩm lynh đánh bạc 8xbet
khuyến mãi 8xbet
link dang nhap 8xbet
nhà cái 8xbet 8xbet.li
nạp tiền 8xbet
nạp tiền 8xbet
sexy baccarat 8xbet
sòng bạc casino 8xbet
the thao 8xbet
trang web chính thức 8Xbet
tải app 8xbet
đánh baccarat trực tuyến 8xbet
đánh baccarat trực tuyến 8xbet
đánh bạc trên mạng 8xbet
app cá cược bóng đá 8xbet
8xbet slot demo
ku casino 8xbet
8xbet xóc đĩa
nhà cái 8xbet
8xbet ✅ nhà cái cá cược bóng đá
sòng bạc trực tuyến 8xbet
8xbet media
online baccarat 8xbet
app đánh bạc online 8xbet
8xbet tải app
8xbet soi kèo
8xbet yachts
8xbet ltd
bet soccer 8xbet
8xbet poker
baccarat đổi thưởng 8xbet
thể thao 8Xbet
8xbet
baccarat casino online 8xbet
8xbet
game bài 8xbet
Trang web cá cược 8xbet
nổ hũ 8xbet
cược xâu 8xbet