Довербата во медицината како алатка на руското влијание

Објавено на 14 мај, 2022 во 15:27

Претходно воспоставената доверба во советската и руската наука и медицина се користи како средство за политичко влијание, особено поврзано со пандемијата на ковид-19 и вакцините

Пишува: проф. д-р Мирјана Најчевска, експерт за правна држава и човекови права

Довербата претставува моќна алатка во ширењето на руското влијание во Северна Македонија.

Во случајот на Русија станува збор за доверба која е градена со децении и која може, но не мора, да се базира на реални елементи. Вообичаено станува збор за доверба која се базира на перцепцијата на високиот развој и големи достигнувања во развојот на науката, особено во медицината во Русија (порано СССР). Доверба којашто се базира на перцепцијата (повторно независно од тоа дали има релевантни податоци и фактички елементи) дека Македонија ја има поддршката и помошта од Русија (наспроти секогаш проблематичното и сомнително однесување на „Европа“ и воопшто западните држави/демократии и „нивните двојни стандарди“).

Ваквата доверба се промовира на социјалните мрежи и од видни професори во Северна Македонија (и се занемаруваат реалните случувања, кои не соодветствуваат на дадените изјави):

Твит од проф. д-р Тања Каракамишева, носителка на високи државни функции во периодот на заробена држава, со текст за измислена меѓународна иницијатива против новото уставно име на Република Северна Македонија (РСМ): „Се очекува зад иницијативата на Русија, Кина и Турција за именување на Македонија како Република  Македонија, а не како РСМ да застанат многу земји-членки на ОН, кои ќе ја информираат  Владата и претседателот дека тие ќе го користат името Република Македонија. ШАХ-МАТ или…“

Интересен пример за специфичен начин на влијание на Русија во Македонија базирано на доверба е медиумското покривање на пандемијата прогласена во врска ширењето на ковид-19.

И во овој случај, најчесто станува збор за информации што се споделуваат на социјалните мрежи и во ограничен број портали и медиуми, меѓутоа наоѓаат место и во етаблирани медиуми (при што треба да се има предвид ниското ниво на доверба на граѓаните на Северна Македонија во медиумите воопшто). Влијанието што ваквите вести го имаат врз пошироката јавност може да се препознае во фразите, зборовите и објаснувањата што се шират, а кои во потполност или по многу елементи личат на тие  промовирани преку отворено проруски ориентираните портали.

Кога станува збор за довербата кон Русија како еден од начините на ширење руско влијание, оваа доверба треба да се става во корелација со недоверба кон западноевропските држави и САД (како друга страна на медалот) вградена во самите информации.

Во конкретниот случај може да се идентификуваат три групи информации/текстови низ кои може да се идентификува руското влијание (кои навидум се дури и противречни едни на други, меѓутоа во крајна линија се базираат на довербата кон Русија и водат кон зајакнување на оваа доверба).

Теории на заговор за пандемијата на ковид-19

Првата група текстови се однесува на негирање на пандемијата, на постоењето на вирусот и посебно проблематизирање на начинот на справување со него (врз основа на информации споделени од руски медиуми или повикувајќи се на руски лекари/научници).

Негирањето на постоењето на пандемијата е често директно и многу отворено:

По Британија и Руската Медицина со Ист Став: Ковид-19 не е Особено Опасна Инфекција – Паниката е Фабрикувана!

Но, често не е директно, туку многу суптилно, меѓутоа многу јасно упатува на намерата на „западните држави“ да ја искористат „лагата за пандемијата“ со цел намалување на правата и слободите на луѓето:

Паниката од „високо-преносливиот” мутиран вирус што се шири низ европските земји – вклучувајќи ги Германија, Данска и Ирска, меѓу другите – им даде повод на тамошните влади да ги заклучат уште еднаш овие нации.

Негирањето на постоењето на вирусот се гарнира со квазианализи, кои нудат политички објаснувања за начинот како пандемијата се користи во светот. Вообичаено овој вид „анализи“ спомнуваат некој аналитичар/научник од Русија (во многу случаи дури и со погрешно напишано име или презиме), за кои нема никакви податоци дека на каков било начин се релевантни за дадената област:

Истакнат аналитичар во рускиот центар за воено-стратешки истражувања при Генералштабот на РФ – полковник Владимир Кватков, ја анализирал светската психоза предизвикана од корона-вирусот.

Пандемијата, која не постои, е глобална стратешка специјална операција. Тоа е вежба за командување и контрола зад сцената, со цел да се добие целосна контрола врз човештвото. Ова е позадината за појава на корона-вируси. Светот на бекстејџот, особено финансискиот, има цел да го намали населението на земјата. Според нив, има премногу од нас на планетата. Треба да има околу сто милиони и повеќе слуги, максимум околу една милијарда на земјата.

Реториката од ваквите објави со теории на заговор, кои пандемијата ја претставуваат како средство на „западни“ центри на моќ да убијат дел од светското население, за преживеаните да ги користат како „слуги“ или „робови“, од сајтови со анонимни автори и скриена сопственост, потоа се прелева и во политичкиот дискурс.

Глорификување на руската улога во борбата со пандемијата на ковид-19

Втората група текстови претставува глорификување на достигнувањата на Русија во борбата со пандемијата, откривањето и ефикасноста на руската вакцина и напредокот во откривањето лек против ковид-19.

Оваа линија понатаму се развива во критика на власта поради задоцнетото воспоставување барање до Русија за нивните вакцини, дури и од страна на актуелни политичари/пратеници:

А бе, вистина ли русофобниве глуперди од Влада ја игнорирале директната понуда на руска вакцина, па аплицирале преку КОВАКС механизмот на СЗО. И, оп, таму пак им се паднала – руската вакцина!? Која колосална неспособност ја имате, мајке ми!, пишува пратеникот од редовите на Левица, Димитар Апасиев.

Слично, на социјалните мрежи, власта отворено се нарекува русофобна, се обвинува дека ваквиот однос произлегува од желбата да се биде дел од НАТО и Европската Унија (ЕУ) и дека станува збор за:

…сервилно робовско додворување на НАТО и ЕУ.

Пораката се засилува со посочување на државите што тоа (набавка на руската вакцина) веќе го направиле , искажување загриженост поради молчењето на државата и особено информации за соодветното постапување на српските власти и пријателскиот одговор од страна на Русија:

Не сум целосно запознаен дали од Србија дошло барање за помош. Во секој случај, нема сомнение дека таа молба нема да остане без одговор, особено затоа што е важна, сојузничка и братска земја, истакна Песков.

Тензијата постојано се зголемува и подгрева со пласирање податоци за „огромната“ и „несебична“ помош што ја добива Србија.

На социјалните мрежи се појавуваат претставници на партии што отворено шират дезинформации и во исто време ја промовираат вакцината „Спутник В“ како единствено сигурна во справувањето со пандемијата:

Прво, голем број земји во Европа и светот забранија употреба на вакцината „Астра Зенека“ поради катастрофални последици по нејзиното земање. Второ, т.н. Ковид механизам е некој систем на Светската здравстена организација, кој го добива бесплатно шкартот на вакцини за да им го дели на неспособни држави кои самите не може да се управуваат.

Интересно е дека дури и одредени доктори (можеби и не сакајки) влегуваат во поддршка на руската вакцина:

Мислам дека вакцината „Спутник В“ нема да стигне повторно во земјава, тоа е мој личен став поради политичките проблеми со Русија, вели за „Фокус“ доктор Никола Пановски.
Според него, оваа вакцина се покажала како една од најефикасните во борбата со корона-вирусот и граѓаните за да се вакцинираат со „Спутник В“ можеби повторно ќе треба да патуваат надвор од земјава за да се вакцинираат со трета доза.

Во голем број медиуми сензационалистички се пласираат наводи за големата доверба на луѓето (и на англиски) во оваа вакцина и се гради впечаток дека е тоа масовно присутно во соседните држави, членки на ЕУ:

Хрватите ја запоседнаа руската амбасада, сакаат да се вакцинираат со Спутник V

Страница на агрегаторот Time.mk со линкови до написи (11.2.2021) засновани на соопштение на Руската амбасада во Хрватска (8.2.2021), во кое се споменува дека наводно „им стигнале голем број прашања“ од тамошните граѓани околу набавка на вакцина. Повеќе македонски медиуми користат сензационалистички наслови како „Хрватите сакаат руска вакцина, ги прегореа телефоните во Руската амбасада во Загреб“, „Руската амбасада под опсада од  Хрвати поради вакцината“, „Хрватите ја запоседнаа Руската амбасада во Загреб…“. Во различни објави се алармира за „десетици и десетици“, до „стотици“ и „илјадници“ Хрвати, поткрепено со фотографии од маса луѓе. Вистината е дека немало никаков собир, а фотографиите на кои се гледаат илјадници луѓе се од протест против епидемиолошките мерки на главниот плоштад во Загреб, кој немал никаква врска со амбасадата, одржан недела дена претходно (3.2.2021).

Во написи на македонските медиуми или на социјалните мрежи, вакцината „Спутник В“ (изработена во Русија) во ниту еден момент не се доведува во врска со кој било облик на негативни намери, несакани ефекти или замислени начини на контрола (чипирање, убивање), што во повеќе наврати се поврзува со вакцините изработени во западноевропските држави. Ова како информација посебно се споделува преку социјалните мрежи:

Руската вакцина Спутник V веќе ја докажа својата безбедност и ефикасност. По земањето речиси и да нема непријатни, несакани ефекти, за разлика од другите вакцини кои се користат во Европа и САД.

Многу малку македонски медиуми известуваат и објаснуваат зошто руската вакцина не е признаена од Светската здравствена организација (СЗО), Европската агенција за лекови (ЕМА) и здравствените и државните власти во низа земји – бидејќи производителот не доставил комплетни информации за производството и клиничкото тестирање до СЗО.

Отсуствуваат и повеќе/подетални информации/анализи за евентуалните негативни реакции на вакцината или за долгорочни последици, за разлика од ваквите информации за другите вакцини (изработени од страна на западноевропските држави). Ова не ги спречува медиумите да формулираат пораки кои може да бидат перципирани како препорака во однос на руската вакцина.

Информациите понатаму се надградуваат и прошируваат дури и во медиуми кои имаат релативно висок рејтинг и постојат веќе долго време:

Клучните вакцини произведени на Запад скоро сите имаат проблеми. Или проблемот е во процесот на производство (и испорака), или е утврдено дека ќе биде достапни доцна (и Европа нема време за одложување), или новите студии сугерираат дека овие вакцини може да бидат помалку ефикасни во создавањето имунитет на нови варијации на корона-вирус кои се појавија како дел од оваа пандемија.
Одеднаш вакцините кои „не требаше ни да се споменуваат“ не само што се добри, туку и се фалат, особено што се однесува до кинеската „Синофарм“ и руската „Спутник V“ (откако студијата беше објавена во медицинското списание „Лансет“).

Во овие медиуми дури се изведува и заклучок за директен притисок врз Русија од страна на Западот:

Една работа е постојана во последните години, скоро десет години – притисок на Западот врз Русија.

Исто така, не е тајна дека целото ова време Европа е носител на американската политика кон Русија, политика што се сведува на „изолација и опкружување“ на Русија.

Но, Европа „сака да се меша“ во внатрешните работи на Русија.

Без никакви реални податоци се шират информации за тоа дека дури и западноевропските држави (членки на ЕУ) бараат вакцини „Спутник В“ (како најмалку штетни, но и со други подобри својства):

Некои членки на ЕУ се свртуваат кон Русија и Кина, дури и претседателот на Франција, Макрон, се прашува дали сега вакцините од AstraZeneca (и други западни креатори на вакцини) воопшто вреди да се земаат.
Изгледа дека тешкотиите при испорака и складирање на вакцината од AstraZeneca-Oxford, комбинирани со неодговорените прашања во врска со ефикасноста и сигурноста на вакцината, предизвикуваат слабеење на побарувачката не само во Велика Британија, туку и низ цела Европа.

Како резултат на сето ова голем дел од граѓаните на Северна Македонија се изјаснуваат во прилог на руската вакцина, како што е опишано во написот насловен „Спутник V, каде си? Македонците мечтаат за руските вакцини!“

И покрај тоа што во нашата земја голем број граѓани би сакале да се вакцинираат токму со „Спутник V“, за што покажува и анкетата на „Макфакс“, според која третина од анкетираните граѓани се определиле за руската вакцина, но и според информациите дека Македонците што се вакцинираа во Србија ја избирале вакцината на рускиот производител, засега македонските власти не можат да им го овозможат тоа, пишува во написот.

Тврдењето дека „Спутник В“ е подобра вакцина продолжува до денес, а се пласираат и тврдења (сосема непотврдени) дека токму оваа вакцина штити и од ново појавените видови и подвидови на вирусот.:

Спутник V обезбедува подобра заштита од омикрон отколку фајзеровата вакцина

Сето тоа се надградува со написи во кои се опишуваат лекови за ковид-19 промовирани и веќе употребени во Русија, па дури и официјално регистрирани:

Русија регистрираше спреј против ковид-19, пациентите оздравуваат за само осум дена

Мозаикот се дополнува со поголем број написи што промовираат специфични откритија на руски научници кои помагаат во борбата со ковид-19 како „Научници од Санктпетербуршкиот државен универзитет: вакцинацијата против туберкулоза може да го намали ширењето на ковид-19 и да го олесни неговиот тек“ и „Русија развива уникатна вакцина против коронавирусот“.

Руските научници работат на развојот на уникатна вакцина, којашто истовремено ќе штити и од грип и од корона-вирусот, соопшти во средата генералниот директор на Нациоанлниот центар за медицински истражувања „Алмазов“, Евгениј Шахто.

Ова се дополнува со погрешни или со отсуство на информации (особено во почетокот на пандемијата) за реалната состојба со ковид-19 во Русија, бројот на заболени и смртни случаи.

Општо, според проценките на рускиот претседател Владимир Путин, бројот на заболени од КОВИД-19 во моментов се намалува, и „пандемијата навистина постепено се повлекува“.

Третата група текстови ја гради/потврдува довербата кон Русија во случајот на справувањето со пандемијата врз тврдењето дека Русија се грижи за луѓето, а не за заработувачката.

Од таму соопштуваат дека македонските граѓани можат да добијат пристап до руската вакцина ако Владата се одлучи за набавка на руската вакцина, а Рускиот фонд за директни инвестиции е подготвен да започне преговори, вклучително и за испорака на вакцината, која „секако ќе биде достапна по најконкуретната цена“.

Во медиумите нема податоци за тоа колкава е заработувачката на фармацевтските куќи во Русија, на државата или на поединци поврзано со вакцината против ковид-19 (се создава впечаток дека станува збор за акт на добра волја или, пак, минимална надокнада), за разлика од големиот број вакви информации што се однесуваат на другите вакцини.

Твит од нишка во која нема линкови до споменатите научни списанија и текст: „Руската вакцина Спутник V е продукт на воено-научен институт, не на фармацевтска куќа. Велат дека дејствува на сите соеви корона. Последно од Lancet  е дека е 91% ефикасна и оти нема значителни негативни ефекти. Брит(анската) АстраЗенека работи со Русите.“

Перцепцијата дека Русија работи за доброто на луѓето, а не за заработувачка, ја засилува пренесувањето на изјави како:

Научникот истакна дека Русија може да биде ефикасен и економски профитабилен донатор на испораките на вакцини до земјите што немаат свои вакцини со единствена цел да ја заштити светската популација од ковид-19.

Злоупотреба на довербата како средство за политичко влијание

Влијанието што ја користи довербата како алатка може да биде многу моќно и тешко за детектирање.

Пандемијата и справувањето со неа отворија врата за две линии на влијание на Русија преку медиумите и социјалните мрежи во Северна Македонија.

Првата линија се концентрира на зацврстување на постојната доверба во Русија и нејзино проширување и надградување, при што се користи директна промоција на учеството на Русија во справувањето со пандемијата, индиректно внесување сосема непроверени информации за местото на Русија во обидите за справување со пандемијата на глобално ниво и директни обвинувања на актуелната власт во Северна Македонија за отсуството на поголема соработка со Русија.

Сепак, многу попроблематична и пострашна е втората линија на влијание што се базира на споредување на Русија и ЕУ и САД со цел градење елементи на недоверба кон ЕУ и САД базирани на еднострани, нецелосни и/или непостојни податоци, нивна дехуманизација и создавање постојан сомнеж за манипулација и зли намери и/или едноставна желба за заработувачка.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.

8xbet
8xbet
8xbet
8xbet
8xbet
8xbet
8xbet
8xbet
8xbet
8xbet
8xbet
8xbet
xổ số mega ngày mùng 9 tháng 7
trang cá cược bóng đá uy tín nhất hiện nay
khuyến mãi 8xbet
những ngã rẽ cuộc đời thuyết minh
lich thi dau mi
kết quả xổ số vietlott mega ngày hôm nay
kết quả bóng đá russia 2nd division
kết quả bóng đá giao hữu u23 trung quốc
xem trực tuyến vtv3
đền thờ vua thủy tề
socolive tv trực tiếp bóng đá
lịch thi đấu giải hạng nhất quốc gia nam 2024
bóng đá soi kèo nhà cái
động cơ xăng có tỷ số nén từ
quy định tỷ lệ thương tật
lich thi dau bong da.hom.nay
trực tiếp đá banh giải euro 2014
live champions league gratis
xổ số miền nam ngày 19 tháng 04
xổ số đồng nai 15 tháng 10
ku casino app
nagavip39club - cổng game quốc tế android
xổ số mega ngày 24 tháng 04 năm 2024
tiền thưởng bóng đá nữ việt nam
8xbet
xổ số vĩnh long sông bé thứ sáu
kết quả xổ số đồng nai 7/2/2024
xổ số ngày 17 tháng 3 đài sóc trăng
cá cược bóng đá euro 2024
kết quả xổ số miền bắc của ngày
vì sao ở nước nga năm 1917 lại có hai cuộc cách mạng
gamepoker
ghi âm cuộc gọi trên huawei nova 3i
xo so thong ke
slovakia – ukraine kèo nhà cái
copa america đài nào
du đoán xsmb
dự đoán xổ số minh ngọc bến tre hôm nay
trang cá cược online tốt nhất full
only 13 teams in the first world cup
cách rút tiền từ fb88
kết quả bóng đá đội fulham
kết quả xổ số thành phố ngày 15 tháng 2
Lịch thi đấu tiger cup 2020
kết quả xổ số ngày mùng 6 tháng 11
lời cuối cho cuộc tình đan nguyên
trực tiếp euro world cup
đội hình man city gặp tottenham
vòng loại thứ 3 world cup 2022 thể thức
kết quả bóng đá 7cm
dự đoán kết quả xổ số hôm nay
xổ số 666
cách cài ghi âm cuộc gọi cho iphone 6
app đánh bài đổi thưởng uy tín
8xbet
atletico man utd
kết quả lịch thi đấu vòng loại world cup 2024
8xbet Trang Chủ Chính Thức
8xbet apk
8xbet baccarat
8xbet có uy tín không
8xbet fun
8xbet games
8xbet games
8xbet guru
8xbet keo
8xbet kiến thiết
8xbet login poker
8xbet ltd
8xbet man city deal
8xbet may
8xbet media
8xbet slot auto
8xbet slot game
8xbet tv
8xbet tài khoản
8xbet tài trợ man city
8xbet Đăng nhập
8xbet ✅ nhà cái cá cược bóng đá
8xbet.top
app 8xbet
baccarat 8xbet
baccarat trực tuyến 8xbet
casinos with baccarat 8xbet
chơi baccarat 8xbet
doanh thu cược 8xbet
dương cẩm lynh đánh bạc 8xbet
dương cẩm lynh đánh bạc 8xbet
khuyến mãi 8xbet
link dang nhap 8xbet
nhà cái 8xbet 8xbet.li
nạp tiền 8xbet
nạp tiền 8xbet
sexy baccarat 8xbet
sòng bạc casino 8xbet
the thao 8xbet
trang web chính thức 8Xbet
tải app 8xbet
đánh baccarat trực tuyến 8xbet
đánh baccarat trực tuyến 8xbet
đánh bạc trên mạng 8xbet
app cá cược bóng đá 8xbet
8xbet slot demo
ku casino 8xbet
8xbet xóc đĩa
nhà cái 8xbet
8xbet ✅ nhà cái cá cược bóng đá
sòng bạc trực tuyến 8xbet
8xbet media
online baccarat 8xbet
app đánh bạc online 8xbet
8xbet tải app
8xbet soi kèo
8xbet yachts
8xbet ltd
bet soccer 8xbet
8xbet poker
baccarat đổi thưởng 8xbet
thể thao 8Xbet
8xbet
baccarat casino online 8xbet
8xbet
game bài 8xbet
Trang web cá cược 8xbet
nổ hũ 8xbet
cược xâu 8xbet