Малески: Путин не пресмета добро, наместо разединетост, предизвика обединетост

Објавено на 22 мај, 2022 во 15:44

Руската инвазија врз Украина е најголемата воена конфронтација по Втората светска војна и е исклучително опасна, бидејќи се заострија односите помеѓу нуклеарните сили, вели во интервју за „Вистиномер“ Денко Малески, професор и прв министер за надворешни работи во независна Македонија. Според него, на дезинформациите поврзани со оваа инвазија треба да се парира со добри, издржани информации, коишто ги објаснуваат причините за конфликтот и тие елементи од конфликтот коишто се неприфатливи

Пишува: Симона Атанасова

Како гледате на актуелната криза и руската инвазија врз Украина? Како ќе се развива ситуацијата, дали сме на чекор до Tрета светска војна или ќе преовлада дипломатијата?

Со голема загриженост гледам на ова што се случува. Ова е најголемата воена конфронтација по Втората светска војна и исклучително е опасна, бидејќи интересите на нуклеарните сили многу се доближија во конфронтација. Никогаш во историјата, освен во краткиот момент на кубанската криза, не сме се нашле во толку опасна ситуација. Се надевам дека не постои некаков нагон за самоубиство кај големите сили, па да почнат размена на проектили и да ја уништат цивилизацијата. Се надевам дека таа рамнотежа на страв уште држи и дека никој не е доволно луд за да почне да притиска такви копчиња. Тоа ќе значи дека ќе мора да се бара некое мирно решение, некаков излез од оваа криза. Многу ќе зависи од тоа како на терен ќе се одвиваат работите, дали Русија ќе успее во својата намера да ја окупира Украина или како што гледаме деновиве отпорот на Украинците, заедно со поддршката во оружје од страна на Запад, ќе доведе до некаква пат-позиција или до запирање на руската инвазија. Од самата ситуација на терен ќе зависат и преговорите.

Што сака Русија, на чело со Путин, да постигне како крајна цел?

Русија се спротивставува на проширувањето на НАТО до своите граници. Тоа е една голема сила која на крајот од осумдесеттите, кога падна Берлинскиот ѕид, се повлече од цела Источна Европа односно од сите земји што беа членки на Варшавскиот пакт. Русија тогаш одлучи да се ослободи од тие колонии, кои беа заземени во текот на Втората светска војна, кога руските војски го турнаа Хитлер и маршираа до Берлин. Надежта беше дека Русија ќе почне да се развива како дел од светот, па дури и евентуално како демократија. Тогаш се отворија дебати што со Источна Европа, каде ќе одат тие земји, дали ќе останат вон сојузите или ќе се приклучат кон НАТО. Тогаш имаше една голема дебата за иднината на Источна Европа. Имаше луѓе, таканаречени американски реалисти, кои велеа дека подобро е американската моќ да се повлече назад во Америка, откако немаше причина да постои НАТО, бидејќи причината за постоењето на НАТО беше Варшавскиот пакт. И сега се јавуваат тие со своите тези дека тоа да било направено тогаш, немаше да се случи ова што се случува сега. Меѓутоа, факт е дека земјите на Источна Европа побараа гаранција, беа упорни во тоа да станат членки на НАТО. На крај логиката на моќта надвладеа и во Америка, и така се доближи НАТО до границите на Русија. Русија, додека беше слаба, економски и политички, немаше начин како да му одолее на ова. Меѓутоа, уште тогаш Кисинџер предупреди дека Русија во еден момент кога ќе се исправи на нозе ќе почне да ја шири својата моќ вон своите граници. Отприлика тоа и се случи. Русија под Путин се крена, почна да напредува како држава, си ја обнови својата војска. И неговите противници му признаваат дека во првите десет години од неговото владеење направил вредни работи за државата, ја довел во ред, но на руски начин, како поранешен член на КГБ и опкружен со такви луѓе. После тие десет години Путин стана диктатор и сега одлуката за војна или мир ја има токму тој.

Сведоци сме на ширење на многу дезинформации поврзани со актуелната ситуација во Украина. Како тие се поклопуваат во целиот контекст?

Секоја страна сега се обидува да си ја оправда својата позиција, блокирајќи ја информацијата на другата страна. Она што го научив во оваа модерна ера на интернет е дека информациите што нѐ заплиснуваат секој ден се и за добро и за зло. Потребно е информирано граѓанство, образовани луѓе, кои ги знаат барем важните елементи на меѓународната политика, за да можат да си ги објаснат информациите, дали се тие вистинити или се лажни. Но, тоа е тешка работа. На дезинформациите треба да се парира со добри, издржани информации кои ги објаснуваат причините за конфликтот и тие елементи од конфликтот коишто се неприфатливи. Гледам во Македонија некој проруски сентимент, антиамерикански сентимент кој е производ на некои наши домашни ситуации. Тие ја формираат сликата во главата на луѓето. Кога ќе прочитаат некоја информација, луѓето прават селекција на информацијата, го земаат она што им одговара, како state of mind (состојба на умот) и тоа го прифаќаат, а она што не им се допаѓа го оставаат на страна и не го земаат предвид. Тие работи се надминуваат со просветлување, со образование. Би требало и нашите политичари да се такви за да можат и граѓаните да распознаваат што е добро што е лошо, што е вистинито, а што лага на меѓународната сцена.

Дали хибридните напади и закани се нови видови војни во модерното општество?

Апсолутно. Во времето во кое јас растев и живеев, времето на Студената војна, основната задача на противниците беше да ги елиминираат информациите од другата страна. Како што падна Берлинскиот ѕид, падна и ѕидот на информации со интернетот. Сега тоа повторно може да се користи како оружје, како нешто што помага луѓето да станат информирани од една страна, но и како оружје за поттикнување непријателства.

Дел од истражувањата на јавното мислење покажуваат дека 45 проценти од Македонците би поддржале евроазиска унија предводена од Русија? На што се должат ваквите ставови на македонските граѓани?

Тоа е тешко да се објасни. Ние во основа имаме една заедничка политичка традиција со Русија, а тоа е автократска традиција. Ако погледнете наназад, ниту Русија ниту ние сме немале еден ден демократија во нашето политичко минато. Тоа нè прави луѓе што се фасцинирани од цврста рака. Тие проценти на граѓани ја доживуваат демократијата како несреќа, гледајќи како се однесуваат политичките партии, гледајќи колку има корупција, гледајќи ги сите непријатни работи во општеството. Тие за тоа ја обвинуваат демократијата и мислат дека една цврста рака како што е раката на Путин, би можела да воведе ред и тука кај нас. Воопшто не се свесни за опасностите од таква цврста рака, опасностите за слободата на луѓето, но тоа е она што ги импонира. Мислам дека главниот проблем е во погрешното гледање на изворот на нашите проблеми и верувањето дека еден автократски систем е поефикасен, поправеден, нешто што е сосема погрешно. Еден дел од незадоволството доаѓа од поведението на Западот кон нас и тоа повторно е едно големо недоразбирање. Можам да ви кажам, како прв министер за надворешни работи, дека Македонија со силна поддршка на САД и ЕУ ја оствари својата независност на еден мирен начин и направи едно чудо во тој хаос на балканските војни во Југославија. Тоа како да не се разбира најдобро, туку меморијата е на промените на политичкиот систем, Охридскиот рамковен договор со кој мораше внатре во Македонија да се промени уредувањето за да може да се оствари еден меѓуетнички баланс кој ќе овозможи мир во земјата. Како што е и фактот дека ние како новодојдена држава на Балканот моравме да се прилагодиме на веќе заземените позиции од страна на соседите. Тој притисок да се прилагодиме, да преживееме како држава, исто така се смета дека е производ на притисок од страна на САД и го поттикнува тоа антиамериканско, антизападно влијание. На крајот е и проблемот со почетокот на преговори со ЕУ, кој предизвикува во јавноста незадоволство, затоа што ние упорно не можеме да разбереме дека тоа е начинот на кој што функционира унијата, односно, пред сè, ги штити интересите на своите членки. Оттаму, секоја членка има право на вето и без согласност од сите, проширувањето не е можно.

Какви ќе бидат руско-македонските односи во следниот период? Ќе има ли последици Македонија поради поддршката што ѝ ја дава на Украина, но и поради тоа што од неодамна стана членка на НАТО?

Како членка на НАТО-сојузот ние сме со сојузниците. Една мала земја како Македонија мора да демонстрира лојалност кон својот сојуз и тоа се разбира ќе има цена во односите со Русија. Апстрактно гледано, најдобро е да имаме добри односи со Русија, со Кина со цел свет, но сега во моментот кога ситуацијата е вака заострена, ние сме во сојуз со сите други земји членки на НАТО и ние ја следиме таа заедничка политика.

Какви последици сметате дека оваа ситуација ќе има на земјите од Западен Балкан?

Оваа инвазија не само на Балканот туку и во Европа предизвика нешто што веројатно Путин не го пресметал добро. Наместо разединетост предизвика обединетост. Европските земји многу брзо, во четири дена изградија еден систем на санкции, се согласија брзо со САД, што не се случувало порано, се мобилизираа. Мислам дека сето тоа може да се одрази и тука, бидејќи се зајакнува кохезијата околу сојузот. Е сега, прашање е како тоа ќе има влијание врз нашиот проблем со една друга членка на НАТО – Бугарија. Би очекувал дека во ваква неволја пофлексибилни ќе станат политиките на двете земји во насока на решение. Врз сите мали земји ова ќе се рефлектира и тоа не оди баш во прилог на Русија. Косово неодамна бараше брз прием во НАТО, од Босна се слушаат исти такви барања од хрватскиот и муслиманскиот ентитет. Србија е ставена пред изборот на оваа или онаа страна и таа веќе како да попушта во однос на нивната политика на седење на две столчиња, на руското и на европското столче. Сега веќе притисокот е силен, тие знаат како држава дека нивната иднина е во интегрирана Европа, а Русија е сепак далеку.

Како ги оценувате руско-кинеските односи?

Многу е важно, особено овие денови, каква ќе биде позицијата на Кина. Кина не гласаше за резолуцијата на Советот за безбедност на ОН против нападот на Москва на Украина. Се воздржа, а можеше да гласа и против. Ја игра таа игра, не би сакала да биде повредена со некакви санкции од запад, нивната трговија и врски со западниот свет се огромни и би имало големи штети. Кина и во таа смисла само до некаде може да оди со поддршка на Русија. Борбата сега е Кина да застане на страната на Запад, против инвазијата во Украина, и проценката е дека ако тоа Кина го направи така реско, економијата на Русија едноставно ќе пропадне и со тоа моќта да се води натаму оваа војна. Кина си има една тема со Тајван, кој може да стане следната Украина ако се охрабрат од исходот Кинезите и го соочат Запад со две ситуации, во судир со две нуклеарни сили. Но, Кина и Русија не можат да станат такви сојузници какви што се западните сојузници меѓу себе, кои се обединети околу заеднички вредности, ја бранат демократијата, го бранат системот на слободи и човекови права. Тоа е еден многу силен кохезивен елемент. Нема такви елементи во односите меѓу Кина и Русија, туку има една студена калкулација.

Кој е вистинскиот страв на Путин, а кој на Западот?

Она што се запрашав слушајќи го говорот на Путин пред инвазијата и што малку ме замисли, е која е неговата состојба на духот. Во основа тој зборуваше за еден руски национализам, каков што некој од водачите на југословенските републики го кажуваа, како Милошевиќ што зборуваше за Косово како лулка на српската нација во услови кога 90 проценти од жителите на Косово се Албанци. Така и Путин зборуваше за Украина како лулка на руската нација, за Киев како првата престолнина на руското царство, што е загрижувачки. Модерните меѓународни односи треба да се базираат врз реалните состојби. Украина, ако била дел од руското царство, денеска се афирмирала како нација и си го бара своето место под сонцето и нема што тука друга помоќна држава да интервенира. И паралелата ми се постави уште тогаш со односите помеѓу Бугарија и Македонија. Ако ние некогаш во Отоманското Царство сме имале заедничка историја, денеска ја немаме таа ситуација.

Од таа состојба на умот произлегла и одлуката руските трупи да влезат во Украина. Меѓутоа, очигледно не очекувале ваков отпор, пресметката е сосема погрешна, треба да се види и каква била воената пресметка. Карактеристично за автократиите каде што еден човек одлучува е дека соработниците лажат за да го одоброволат автократот, лажат дека во армијата е сè перфектно, дека непријателот брзо ќе се предаде и сите тие други работи. Нема дебата, нема спротивставување на мислења, нема анализи, туку постапки да му се допаднеш на лидерот, на водачот. Стравот на Западот е јасен, дека ако на насилникот не му застанеш на пат веднаш, тој ќе се засили, ќе продолжи да окупира и други територии. Тогаш се руши целиот меѓународен поредок и системот во Обединетите, нации каде што е забрането една држава да го нарушува суверенитетот на друга држава. Но, ова е според правото. Во политиката има ситуации кога големите сили, ако проценат дека правото и правдата се спротивни на нивните стратешки и безбедносни интереси, употребуваат и топови и ракети против правото и правдата.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.

8xbet คาสิโนออนไลน์888
8xbet
8xbet
ผลบอลสดไทยทุกแมชทั่วโลก
วิธี สมัคร บา คา ร่า มือ ถือ
ดูบอลสดดูบอลออนไลน์
ข่าวฟุตบอล
8xbet บาคาร่า
8xbet เว็บพนันออนไลน์เว็บตรง
บอลไทย U23
แทง บอล เดี่ยว
ข่าวบอลอังกฤษ
การคาดการณ์การแข่งขัน
8xbet คาสิโนสด
คะแนน ผล บอล สด 888
พัทยาสปอร์ต
ข่าวกีฬาเขตร้อน
ผลบอลสดวันนี้
ดูบอลสด
ถ่ายทอดสดฟุตบอล
ราคา บอล ภาษา ไทย
8xbet แจกเครดิตฟรี 1000บาท
ไทยล่าสุดฟุตบอลยุโรป
ดูบอลออนไลน์888
โปรแกรม ฟุตบอล ไทย วัน นี้
8xbet
888 ผล บอล สด ภาษา ไทย
8xbet-สล็อตแมชชีน
ถ่ายทอดสดฟุตบอลวันนี้
ดูการแข่งขันฟุตบอลออนไลน์
วันนี้ล่าสุดฟุตบอล
ดูบอลสด
ดูบอลสดดูบอลออนไลน์
กษัตริย์สปอร์ต
เว็บข่าวกีฬา
ข่าวกีฬา ข่าวฟุตบอล
ดูบอลสด
ผล บอล ไทย 888
ฟุตบอลไทยล่าสุด
บอล วัน นี้ บ้าน ผล บอล
ผลบอลสดไทย
ผล บอล สด 888
อัปเดตข่าวบาดเจ็บ ล่าสุด
ผล บอล สด ตาราง คะแนน
ดูฟุตบอลออนไลน์
ข่าวกีฬา ผลการแข่งกัน
8xbet
ตาราง บอล สด ไทย
วิธี สมัคร บา คา ร่า มือ ถือ
ข่าวกีฬาวันนี้
ผลบอลสดวันนี้
8xbet
ข่าวกีฬาสดใหม่
Sport Live News
8xbet สล็อตออนไลน์
8xbet คาสิโนสด
meta789 สถานีข่าวกีฬาฟุตบอล
การเดิมพัน 8xbet
ผล บอล ไทย สด
8xbet
8xbet - หน้าแรกการเดิมพันออน
8xbet คาสิโนออนไลน์
ดูบอล ดูบอลสด
8xbet เข้าสู่ระบบ
8xbet คาสิโนออนไลน์
8xbet คาสิโนสดไทย
8xbet
ดูบอลสด วันนี้ HD ครบทุกคู่
ข่าวกีฬาวันนี้
8xbet คาสิโนถูกกฎหมาย
ดูบอลสดดูบอลออนไลน์
คะแนนฟุตบอล และข่าวสาร
8xbet
ดูบอลออนไลน์
ข่าวกีฬา ฟุตบอล
บอลไทย U23
ผล บอล พรีเมียร์ ลีก
TNS Thai Sport
ตก็สามารถดูบอลออนไลน์ได้ทันที.
8xbet
พนัน บอล สด
ดูบอลสดดูบอลออนไลน์
ตารางบอล
แพลตฟอร์มการเดิมพันชั้นนำของเอเชีย
ข่าวกีฬาวันนี้
เว็บไซต์รวมกีฬาและภูมิศาสตร์มนุษย์ของประเทศไทย
ฟุตบอลวันนี้ ถ่ายทอดสด
ผล บอล ไทย สด
โปรแกรม บอล ไทย u23
8xbet ออนไลน์
8xscore
ข่าวฟุตบอล
8xbet คาสิโนออนไลน์อันดับ1
วิธี สมัคร บา คา ร่า มือ ถือ
บอล สด 888
8xbet
สกายสปอร์ต
การดำเนินชีวิตที่เทคโนโลยี
ดูบอลออนไลน์ ไม่กระตุก
วิธี สมัคร บา คา ร่า มือ ถือ
สำหรับคอกีฬาอย่างคุณไม่ควรพลาด
8xbet สโมสรกีฬาออนไลน์และคาสิโน
คาสิโนออนไลน์ 8xbet
ไฮไลท์ฟุตบอลตารางบอล
ดูบอลออนไลน์ทุกลีกทั่วโลก
ผลบอลสดวันนี้
ฟุตบอลต่างประเทศ
8xbet คาสิโนออนไลน์
ดูบอลสดฟรี
ดูบอลฟรี android tv รองรับทุกระบบ
ข่าวฟุตบอลไทย
ข่าวฟุตบอลล่าสุด
8xbet เว็บคาสิโนสด
บอลไทย ตารางแข่ง
Nuru Sports Club
ดูฟุตบอลออนไลน์
8xbet เว็บบาคาร่าออนไลน์
ข่าวฟุตบอลไทยล่าสุด
วันนี้ล่าสุด
Sunshine Sports
ผลบอลพรีเมียร์ลีก
ข่าวฟุตบอลไทยล่าสุด
ดูบอลสดดูบอลออนไลน์
และกีฬาอื่นๆ
ผลบอลเมื่อคืน
8xbet เครดิต ฟรี
สารานุกรม
8xbet
ข่าวกีฬาวันนี้
ผลบอลสด
แทง บอล ขั้น ต่ํา
ผล บอล พรีเมียร์ ลีก อังกฤษ ล่าสุด ลา ลิ กา
บอลไทย
ตารางบอลล่าสุด
พรีเมียร์ลีก
ผลบอลผลบอลสด
โปรแกรม บอล
ข่าวการแข่งขันฟุตบอล
เว็บดูบอลออนไลน์ที่จะช่วยให้คุณ
8xbet คาสิโนออนไลน์
ดูทีวีออนไลน์
8xbet คาสิโนบาคาร่า
ดูบอลสด
การคาดการณ์การแข่งขันอ
ได้เครดิตฟรี 100 บ
โปรแกรม ถ่ายทอด ฟุตบอล สด
อัปเดตข่าวฟุตบอล ล่าสุด
ถ่ายทอดสดฟุตบอล
ฟุตบอลเชลซีถ่ายทอดสด
วิธีแทงบอลในเว็บ
ถ่ายทอดสดฟุตบอล
แทง บอล ออนไลน์ ยัง ไง
อัตรา แทง บอล
พนัน บอล สด
รวมข่าวฟุตบอล ผลบอล
ผลบอลสด7m888
8xbet การพนันออนไลน์
ข่าวกีฬา
ผลบอลสด
8xbet คาสิโน มีอะไรบ้าง
ฟุตบอลทีมชาติไทย
ตาราง ฟุตบอล ทุก ลีก
แทง บอล คือ อะไร
ตาราง คะแนน พรีเมียร์ ลีก
โปรแกรมถ่ายทอดสด
ดูบอลออนไลน์
ข่าวกีฬา
บอล พรีเมียร์ ลีก
คะแนน บอล สด
ผลฟุตบอล
ผลฟุตบอลไทยวันนี้
ผลบอลสดไทยทุกแมชทั่วโลก
ข่าวกีฬาออนไลน์
ไฮไลท์ฟุตบอล
Sports Around Thai
8xbet เครดิตฟรี50 แทง บอล
ไฮไลท์ฟุตบอล
สล็อตออนไลน์
กีฬาต่างประเทศ ผลบอล
เดิมพันแมนเชสเตอร์ซิตี้
ผลบอลสด888
8xbet คาสิโนออนไลน์เว็บตรง
ไฮ ไล ท์ แมน ยู ล่าสุด
ผล บอล พรีเมียร์ ลีก อังกฤษ ล่าสุด
เว็บไซต์เดิมพันกีฬาที่ดีที่สุด
ดูบอลออนไลน์
เดิมพันกับ 8xbet
วิเคราะห์บอล
8xbet
8xbet คาสิโนออนไลน์ที่ดีที่สุดในเมืองไทย คา
ข่าวกีฬาวันนี้ ล่าสุด
ดูฟุตบอลออนไลน์
ดูบอลสดไทย
8xbet สล็อตแมชชีน
พนัน บอล สด
ข่าวบอลพรีเมียร์ลีก
แม็กกี้ สปอร์ต
8xbet
ข่าวกีฬา ล่าสุด
4U Sports Thai
8xbet คาสิโนพรีเมียม
ข่าวกีฬาล่าสุด
ผลบอลสด888 บอลพรุ่งนี้
เกมสล็อต 8xbet
ดูบอลออนไลน์ทุกลีกทั่วโลก
ผล บอล สด 365
ผลบอลพรีเมียร์ลีก
8xbet คาสิโนออนไลน์
8xbet
กีฬาแห่งประเทศไทย
8xbet
ถ่ายทอดสดฟุตบอล
ข่าวกีฬาไทย 24
สล็อตออนไลน์เว็บตรงไม่ผ่านเอเย่นต์ PG SLOT99
ผล บอล สด sbobet
เว็บโป๊กเกอร์ออนไลน์ ที่ pokerthai99
ผลบอลสด
ฟุตบอลไทยวันนี้ช่องไหน
อัตรา แทง บอล วิเคราะห์บอล
รายการ บอล วัน นี้ พรีเมียร์ ลีก
ผลฟุตบอลไทยวันนี้
ถ่ายทอดสด บอลวันนี้ ช่อง
ถ่ายทอดสด บอลวันนี้ ช่อง
ทีเด็ดบอลวันนี้ 4 คู่ผลบอลสด
ตารางบอลวันนี้ ทุกลีก ภาษาไทย
ดูวิเคราะห์บอลวันนี้
ไทยลีก วันนี้ ถ่ายทอดสดไทยลีก วันนี้ ถ่ายทอดสด ช่อง ไหน
โปรแกรม พรีเมียร์ ลีก อังกฤษ ถ่ายทอด สด
เช็ค ผล บอล วัน นี้ พรีเมียร์ ลีก อังกฤษ
888 ผล บอล ผล บอล สด