Руската пропаганда во Македонија во 2018: „Единствена Македонија“ како „пионче“ на „Единствена Русија“

Објавено на 22 мај, 2022 во 16:02

Неодамнешното протерување на петтемина руски дипломати не е прво протерување на руски дипломати од Македонија. Првпат,  Македонија протера руски дипломат во 2018 година, кога беше забележително не само засилено руско пропагандно влијание, туку и обид за руско политичко влијание преку поддршка на македонскиот клон на „Единствена Русија“

Пишува: Жарко Трајаноски, медиумски аналитичар

Руското влијание во  Македонија не е само преку „руската салата“

Уште пред почетокот на 2018 година, амбасадата на Русија во Македонија се обиде да се пошегува на тема „зголемување на руско влијание“ објавувајќи фотографија од „руска салата“, која најмногу се консумира за време на новогодишните празници. Но, што се однесува до темата „руско влијание“ и „украинско сценарио“, ѓаволот веќе одамна ја имаше однесено шегата (види анализа 1 и 2). Како и изминатите неколку години, во декември 2017 г. руски пропагандисти објавуваа мрачни предвидувања за снемување на Македонија од картата на светот и за поделба на  Македонија помеѓу Албанија и Бугарија (Видете АНАЛИЗА НА АНДРЕЈ КОРИБКО: Ќе ја снема ли Македонија од картата на светот во 2018 година?). Локалните руски гласноговорници, пак, ширеа  апокалиптични предвидувања дека „Македонија е избрана како место каде што ќе започне следната војна, односно светскиот конфликт помеѓу НАТО и Русија“.

Еден месец по предвидувањето за авангардна „трета сила“ во Македонија, која ќе се борела за нејзина заштита од разнебитување, на политичката сцена се појави таков кандидат. Тоа беше партијата „Единствена Македонија“, која отворено се залагаше за сојуз со Русија и водеше црна кампања против НАТО и ЕУ.

„Единствена Македонија“ против „фашизмот“ на НАТО и ЕУ

Веднаш по преименувањето, претставници на „Единствена Македонија“ ги прогласија НАТО и ЕУ за фашистички институции. Лидерот на партијата со нов проруски идентитет го жигоса НАТО не само како „фашизоидна“, туку и како „геноцидна организација за Македонците со обидот за промена на нашето вековно име и идентитет.“ Во јануари 2018 г. „Единствена Македонија“ предложи автопатот кон Грција да се нарекува геноцид наместо пријателство и побара од Владата да го повлече барањето за членство во ЕУ, согласно нејзината стратешка цел за членство во Евроазиската економска унија и стратешко партнерство со Русија. Исто така, „Единствена Македонија“ објави дека започнала постапката во Собранието против членството на Македонија во НАТО, со која се обезбедува „опстанокот на Македонија и Македонците“.

Додека медиумите ширеа фама дека Македонците го преферираат рускиот претседател за свој лидеррускиот амбасадор Шчербак тврдеше дека Русија ниту се мешала ниту се меша во внатрешните работи на Македонија. Додека Лавров предупредуваше дека ширењето на НАТО со Македонија е грешка, лидерот на „Единствена Македонија“ се обидуваше политички да мобилизира со дезинформирачки антиалбански пораки и со пораки против „фашистичко барање за промена на името и идентитетот за членство во Унијата“.

Бачев објави и две отворени писма. Првото писмо беше адресирано до претседателот на ЕК, во кое упати порака дека Македонија „не ја гледа својата иднина во ЕУ и НАТО и не ги дели вашите либерални вредности во спротивност со природните законитости…“. Второто писмо беше адресирано до Путин, во кое Бачев му ја честита победата заблагодарувајќи му се за руската поддршка и изразувајќи верба дека во неговиот мандат „Република Македонија ќе го добие историскиот стратешки сојуз со Русија и членство во Евроазиската економска унија“.

Руската пропагандна офанзива против НАТО и ЕУ

Во февруари и март 2018 г. веќе беше видливо дека проруската пропаганда во Македонија е во политичка „офанзива“.  На пример, во тогаш најгледаната емисија „Само вистина“ на 20 февруари 2018 г., „дебатираа“ двајца проруски пропагандисти на тема „Има ли Македонија алтернатива на ЕУ и НАТО?“. Гостите беа единствени во водење негативна кампања против ЕУ и НАТО, во оцрнување на прозападната влада и во исмејување на приврзаниците за влез во НАТО и ЕУ. Во истата емисија претставникот на „Единствена Македонија“ упати експлицитни антиалбански пораки дека Албанците „ќе имаат две можности – или да почнат да го учат рускиот јазик или да се научат да пливаат, и тоа го велам ептен сериозно“. И лидерот на „Единствена Македонија“ Бачев гостуваше во истата дебатна емисија на почетокот на март 2018 г., кога тврдеше дека „стратешкиот сојуз со Русија го обезбедува опстанокот и иднината на Македонија“. Гостинка на „Само вистина“ во март беше и колумнистката, професорката Билјана Ванковска, како прва потписничка на манипулативниот проглас на интелектуалци кои побараа прекинување на преговорите за името. Ванковска, автор на колумната Нобелова награда за Путин: А, зошто не? (во „Руска реч“), претходно го промовира слоганот „НЕ за НАТО, дури и под уставно име!“.

Покрај обидите за заплашување со „брутална албанизација“, „Единствена Македонија“ постојано играше на „антифашистичка“ карта, претставувајќи го „Западот“ како фашистички. Така, на пропагандната сеанса на која почесен говорник беше рускиот пропагандист и геополитичар Александар Дугин, гласноговорникот на „Единствена Македонија“, Влахов Мицов, ем ширеше дезинформации за бројноста на Албанците во Македонија („13.6 отсто малцинство“) ем го оцрнуваше Западот како фашистички рајх кој целел да го уништи словенскиот свет: „Моментално, САД, НАТО и ЕУ го составуваат четвртиот фашистички рајх, чиј претходник е третиот хитлеровски… целта на овие нови хитлеровци е целосно уништување на словенскиот свет на чело со Русија…“.

„Единствена Македонија“ и Дугин ѝ понудија на македонската јавност не само негативна пропаганда кон Западот и либерализмот, туку и политичка алтернатива во Евроазиската унија и „словенското братство“ (види повеќе: Пропагандистот Дугин, сатанизацијата на Западот и апологијата на рускиот империјализам).

Штабот на партијата „Единствена Македонија“ на главниот плоштад во Прилеп, 31.03.2022 г. Фото: Вистиномер.

Пропагандната офанзива продолжи и по изборната победа на Путин, кога Мирка Велиновска во колумната „Русија го менува светот“ ја оцрнуваше „Евро-атланската западна политичко-елитистичка номенклатура“ како „вулгарно, вандалска племенска збирштина“ и „збир на дивјаци со центар во Брисел“. Велиновска го опишуваше македонскиот премиер како „највулгарниот примерок, но и жив доказ за вредносната парадигма на вандалскиот нецивилизиран запад“ и ги обвинуваше „евро-атланските бројлери“ дека стапиле во сојуз „со фашистичкиот евро-американски милитантен комплот против Русија“.

И официјалните гласноговорници на Русија не штедеа оцрнувачки зборови кон НАТО. По пораката на Лавров дека „проширувањето на НАТО со Македонија е грешка“, следуваше соопштението на руското МНР дека „плановите да се внесе Република Македонија во НАТО би можеле да имаат негативни последици за регионалната безбедност и за билатералните односи“. На хајката против НАТО се приклучи и рускиот амбасадор Шчербак со порака дека „НАТО не е училиште за миротворци, туку агресивен воено-политички блок виновен за многу воени интервенции“.

Откако на 26 март 2018 г  Македонија протера руски дипломат поради „случајот Скрипал“ и преминување на црвената линијаМосква остро реагира предупредувајќи дека „одговорноста за последиците од овој потег во целост ќе ги сноси македонската страна“.

Рускиот амбасадор најнапред во колумна констатира дека „Македонија била дел од државите кои ѝ попуштаат на оваа англосаксонска психоза и на штета на интересите на својата земја донесуваат избрзани одлуки кои ги отежнуваат односите со Русија“. Потоа на прес-конференција Шчербак упати заканувачко предупредување дека „Македонија ќе биде легитимна цел на Русија во случај на конфликт со НАТО“, на што премиерот Заев коментира дека Македонија не сака кавги со Москва.

Партијата „Единствена Македонија“ го осуди протерувањето на рускиот дипломат и повика на собир пред руската амбасада, на кој му порача на рускиот амбасадор дека македонскиот народ сака да биде дел од Евроазиската унија, а дека во ЕУ сакале само „корумпирани Македонци, кои се платени со странски пари“.

Седиштето на партијата „Единствена Македонија“ во Скопје, 01.04.2022 г. Фото: Вистиномер.

Руската пропаганда пред Договорот од Преспа: Обид да се искористи спорот за името

Непосредно пред лансирањето на македонската верзија на „Единствена Русија“, вистински медиумски бранувања предизвика изјавата на рускиот министер за надоврешни Сергеј Лавров од 15.1.2018 г., во врска со евентуалното решение на „спорот за името“. Откако повеќе медиуми објавија дека Русија ќе прифати каква било промена на името (Лавров: Ќе го прифатиме името што ќе го договорат Атина и Скопје /  Лавров: Ќе прифатиме какво било ново име на Македонија /  „Русија на страната на Грција, бара Македонија да го смени името“), руската амбасада во твит предупреди дека македонски медиуми манипулирале, односно, ширеле лажна интерпретација на зборовите на Лавров (беше објавен и транскрипт од изјавата на Лавров). ­­­Но, дел од засегнатите медиуми исправно укажаа дека тоа што било пренесено од Лавров во македонските медиуми било всушност цитат од рускиот сајт „Раша тудеј“, каде била објавена следната кратка вест уште додека траеше пресот на Лавров: „On the naming row between Greece and Macedonia, Lavrov says Russia would abide by any decision made in the Macedonian constitution, should that happen“ (РТ). Подоцна, и рускиот амбасадор Шчербак, на промоција на изложбата „Москва денес“ (28.2.2018), истакна дека „Грција и Македонија имаат право на решение кое им одговара на двете страни“.

Меѓутоа, токму по контроверзните изјави на Лавров, и политичките толкувања за појава на „трета сила“, маргиналната партија „Народно движење за Македонија“ одлучи да се преименува во „Единствена Македонија“ и да се залага против членство во НАТО и ЕУ, а за Сојуз со Русија и членство во Еворазиската унија. „Единствена Македонија“ и другите проруски гласноговорници ставаа акцент на зачувување на уставното име по секоја цена, што може да се толкува како показател дека Русија, сепак се обидува да го искористи спорот за името за постигнување свои стратешки цели во Македонија и на Балканот. Во таа насока се толкуваше и поддршката на Савин и на Дугин за зачувување на името, посета што одредени аналитичари ја толкуваа како „хибриден акт“.

По протерувањето на рускиот дипломат во март, руската амбасада со твит реагира на изјавата на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски, дека „Македонија мора да биде членка на ЕУ и НАТО“ и дека „Наш партнер не е Москва, наши партнери се Брисел, Лондон и Вашингтон“ :

И рускиот амбасадор Шчербак ја толкуваше изјавата како одраз на „недоследната политика на дел од раководството на ВМРО-ДПМНЕ“, која „доведе до тоа, ВМРО-ДПМНЕ да ја изгуби власта“. Наспроти изјавата „наш партнер не е Москва“, Шчербак укажа дека познавал многу сопартијци на Николоски кои биле „расположени за развој на конструктивни и партнерски односи со Русија“.

Поради изјавата „наш партнер не е Москва“, ВМРО-ДПМНЕ и неговиот лидер беа мета на оцрнувања од страна на руските пропагандисти во Македонија, кои најавуваа „распад на ВМРО-ДПМНЕ“. И македонскиот клон на „Единствена Русија“ ги таргетираше „бандитите од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ“, повикувајќи на предвремени избори за народот да одлучел „дали е за НАТО и ЕУ или за Русија и ЕЕУ“.

Додека рускиот амбасадор сугерираше статус на воена неутралност и покажуваше загриженост кон Македонците со пораката „Не сакаме НАТО да ги користи Македонците како топовско месо“, лидерот на „Единствена Македонија“ испраќаше антиалбански пораки. Бачев бараше отповикување на признавањето на Косово, порачувајќи му на министерот за надворешни работи „да започне заедно со сонародниците Албанци да го изучува рускиот јазик, а радикалните Албанци да научат да пливаат“.

Наспроти тврдењата на рускиот амбасадор (Шчербак: Пропагадни лаги се тврдењата дека Русија се меша во спорот за името), лидерот на македонскиот клон на „Единствена Русија“ се обидуваше максимално да го искористи спорот за името за сопствена промоција и партиска мобилизација. Бачев дури се обиде да достави до грчката амбасада писмо до Ципрас со порака дека „Македонскиот народ и поголем дел од граѓаните на Република Македонија не стојат зад  каков било договор меѓу Република Македонија и Република Грција за промена на македонското име и идентитет“. Исто така, во писмото Бачев истакнуваше дека „ние не ја гледаме својата иднина во ЕУ и НАТО, туку, во стратешки сојуз со Русија и членство во Евроазиската економска унија“. „Единствена Македонија“ се обидуваше да се самопромовира како единствена партија против промена на името, што беше јасно и од објавеното видео на нивната фејсбук-страница со наслов: „Мицковски како и Заев е за промена на името“.

Истиот месец кога рускиот амбасадор во колумна тврдеше дека Русија без докази се обвинува за „наводни обиди да ја дестабилизира Македонија“ и оти правела сè „за да ја спречи интеграцијата на земјата во НАТО“, лидерот на „Единствена Македонија“ се пофали дека не само што бил во партиска посета на Русија, туку и дека како партија успешно ја минале руската обука. Во гостувањето на ТВ „Стар“, Бачев истакна дека имал средба во државната Дума на Русија, со лидерите на евроазиското движење Дугин и Савин, но и со претставници на „нашата блиска партија Единствена Русија“.

Благодарение на „руската обука“ од страна на соработникот на Дугин, Бачев тврдеше дека ќе ги победеле „погубните политики на партијата ‘Погреб за Македонија’ составена од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ“ и дека биле подготвени за преземање на власта и за расчистување со сите „национални предавници“. И „обучувачот“ Леонид Савин од Русија пророчки потврдуваше дека „новата власт што ќе биде на Единствена Македонија треба да ја задржи унитарноста на земјата“.

Општински комитет на партијата „Единствена Македонија“ во Тетово, 31.05.2022 г. Фото: Вистиномер.

Руската пропаганда по Договорот од Преспа: Обиди за дестабилизација

Во јуни 2018 г., „обучениот“ Бачев почна да ги дискредитира преговорите со Грција како „приватната забава на Заев и Ципрас за некаков договор за промена на името“ и предвидуваше дека „Ниту ќе дојде до промена на името ниту Македонија ќе стане членка на НАТО“.

Откако на 12 јуни 2018 беше јасно дека ќе се потпише договор со Грција, навивачката група „Комити“, на спортскиот клуб „Вардар“ во сопственост на Сергеј Самсоненко – почесен конзул на Руската Федерација, повика на масовен протест и упати заканувачка порака до сите вмешани во менувањето на „нашето вековно име“: „ќе дојдеме по вас и вашата фамилија!“, стои во постот на „Комити“, кои објавија фотографија со слоган „проклети да се предавниците, својот народ што го предале“.

„Комити“ во своето политичко „коминике“ тврдеа дека државата била „жестоко нападната од внатрешни квинслизни и странски агресори, кои со сила и геноцидни методи сакаат да ни го сменат; идентитетот, нацијата, јазикот, историјата…“ и повикуваа на револуција.

Истовремено, рускиот министер Лавров изрази надеж дека „ договорот има широка народна поддршка“, односно, дека ќе биде поддржан и од Русија „ако договорот за името го поддржат граѓаните на двете земји“. Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и некои медиуми протолкуваа дека „Лавров го поддржа договорот“ и „го поздрави преименувањето во Северна Македонија“, односно дека била запрена поддршката од „братска“ Русија за името (Толку беше од „поддршката“ на „братска“ Русија за името- Лавров во друштво на Коѕијас го поздрави договорот).

Меѓутоа, руската амбасада во твит појасни дека

Одделни медиуми за жал продолжуваат да шират тенденциозни толкувања и лажни вести за ставовите на Русија по прашањето за името на Република Македонија.

Еден познат руски пропагандист следниот ден дури и лично го таргетираше потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ како „лажго и спинер“.

На ТВ-гостување Бачев тврдеше дека „Тоа беше една голема лага дека Лавров се согласил со промена на името“ и дека „тој спин го направија тие соросоидни медиуми во државата“ (иако најексплицитното толкување дека „Лавров го поддржа договорот“ беше од потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ). И тогаш Бачев во ист спротивен табор ги сместуваше и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ како про-НАТО партии: „На една страна се ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, кои што викаат „НАТО и ЕУ нема алтернатива“, на друга страна ние велиме стратешки сојуз со Русија.“ Во истата ТВ емисија, водена од познат проруски гласноговорник, другиот гостин Александар Станковски ја промовираше евроазиската ориентација како идеологија и ги сатанизираше Западот и либерализмот, повикувајќи се токму на Дугин:

…она што Дугин го нарекува четвртиот пат, четвртата идеолошка или политичка теорија. Значи либерализмот, кој трае веќе 200 години е готов, тој не дава резултати, тој дава дегенерација, тој дава проблеми, тој создава непотребни војни во светот, тој создава доминација која е САТАНСКА.

Еден ден пред потпишувањето на Договорот од Преспа, „Единствена Македонија“ го прогласи за „национално предавство и тешко злосторство врз македонскиот народ“, и најави дека „новата легална власт на Единствена Македонија веднаш ќе го поништи таквиот договор“. На денот на потпишувањето на договорот, „Единствена Македонија“ ги поддржа „Комити“, кои повикаа на масовен протест повторно заканувајќи се„ние сме Комити и ќе ве најдеме, а останатото сте го читале во учебниците по историја“. Радикалната група „тврдокорни“ му се стави на располагање  на претседателот Иванов „во одбрана на нашата татковина“ , кој претходно договорот со Грција го нарече „штетен” и најави дека нема да го потпише.

На протестот пред Собранието на 17 јуни 2018 г., кој изобилуваше со говор на омраза и експлицитни закани за насилство, „комити“ го пробија полицискиот кордон, а лидерот на „Единствена Македонија“, Бачев со руско знаме се качи на полициска кола. МВР соопшти дека „дел од демонстрантите на протестите употребиле распрскувачки средства и насилно ја турнале заштитната ограда, обидувајќи се насилно да влезат во Собранието“, а власта испрати порака дека „нема да се дозволи реприза на 27 април“. Подоцна, јавно беа изнесени информации од страна на премиерот дека предизвикувачите на нереди на протестите биле платени од грчки бизнисмени, a и дека руските претставници ги охрабрувале протестите и насилствата.  Истражувачките новинари воспоставуваа инкриминирачки релации помеѓу рускиот бизнисмен, партијата „Единствена Русија“, навивачката група „Комити“, и сопственикот на Фудбалскиот клуб  „Вардар“ (почесен конзул на Русија).

Откако лидерот на „Единствена Македонија“ го развеа руското знаме на насилните протести пред Собранието, беше пропагандно таргетиран како „тројански коњ“ и инсталација на СДСМ од медиуми блиски на ВМРО-ДПМНЕ. Партијата на Бачев остро реагира против „новинарските јаничари и платеници, претходно на Груевски, сега на Мицкоски“.

Фото: принтскрин од видео на Радио Слободна Европа

На говорот пред Собранието на 18 мај 2018 г., Бачев го омаловажуваше Договорот од Преспа како „приватна забава“, слично како и прорускиот пропагандист Миленко Неделковски, кој го нарече „приватна забава на грчкиот и македонскиот премиер“. Бачев тогаш ги уверуваше групите што протестираа дека „Нема меѓународен договор“ и дека „Македонија ниту ќе стане членка на НАТО ниту името ќе се промени…“.

Сепак, реалноста го демантира универзитетскиот професор по меѓународно право на Правниот факултет при Меѓународниот славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“. Во продолжението на анализата ќе видиме како токму благодарение на Договорот од Преспа, Македонија стана членка на НАТО по промената на уставното име, и покрај засиленото руско влијание за време на референдумот и процесот на уставни измени.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.

8xbet คาสิโนออนไลน์888
8xbet
8xbet
ผลบอลสดไทยทุกแมชทั่วโลก
วิธี สมัคร บา คา ร่า มือ ถือ
ดูบอลสดดูบอลออนไลน์
ข่าวฟุตบอล
8xbet บาคาร่า
8xbet เว็บพนันออนไลน์เว็บตรง
บอลไทย U23
แทง บอล เดี่ยว
ข่าวบอลอังกฤษ
การคาดการณ์การแข่งขัน
8xbet คาสิโนสด
คะแนน ผล บอล สด 888
พัทยาสปอร์ต
ข่าวกีฬาเขตร้อน
ผลบอลสดวันนี้
ดูบอลสด
ถ่ายทอดสดฟุตบอล
ราคา บอล ภาษา ไทย
8xbet แจกเครดิตฟรี 1000บาท
ไทยล่าสุดฟุตบอลยุโรป
ดูบอลออนไลน์888
โปรแกรม ฟุตบอล ไทย วัน นี้
8xbet
888 ผล บอล สด ภาษา ไทย
8xbet-สล็อตแมชชีน
ถ่ายทอดสดฟุตบอลวันนี้
ดูการแข่งขันฟุตบอลออนไลน์
วันนี้ล่าสุดฟุตบอล
ดูบอลสด
ดูบอลสดดูบอลออนไลน์
กษัตริย์สปอร์ต
เว็บข่าวกีฬา
ข่าวกีฬา ข่าวฟุตบอล
ดูบอลสด
ผล บอล ไทย 888
ฟุตบอลไทยล่าสุด
บอล วัน นี้ บ้าน ผล บอล
ผลบอลสดไทย
ผล บอล สด 888
อัปเดตข่าวบาดเจ็บ ล่าสุด
ผล บอล สด ตาราง คะแนน
ดูฟุตบอลออนไลน์
ข่าวกีฬา ผลการแข่งกัน
8xbet
ตาราง บอล สด ไทย
วิธี สมัคร บา คา ร่า มือ ถือ
ข่าวกีฬาวันนี้
ผลบอลสดวันนี้
8xbet
ข่าวกีฬาสดใหม่
Sport Live News
8xbet สล็อตออนไลน์
8xbet คาสิโนสด
meta789 สถานีข่าวกีฬาฟุตบอล
การเดิมพัน 8xbet
ผล บอล ไทย สด
8xbet
8xbet - หน้าแรกการเดิมพันออน
8xbet คาสิโนออนไลน์
ดูบอล ดูบอลสด
8xbet เข้าสู่ระบบ
8xbet คาสิโนออนไลน์
8xbet คาสิโนสดไทย
8xbet
ดูบอลสด วันนี้ HD ครบทุกคู่
ข่าวกีฬาวันนี้
8xbet คาสิโนถูกกฎหมาย
ดูบอลสดดูบอลออนไลน์
คะแนนฟุตบอล และข่าวสาร
8xbet
ดูบอลออนไลน์
ข่าวกีฬา ฟุตบอล
บอลไทย U23
ผล บอล พรีเมียร์ ลีก
TNS Thai Sport
ตก็สามารถดูบอลออนไลน์ได้ทันที.
8xbet
พนัน บอล สด
ดูบอลสดดูบอลออนไลน์
ตารางบอล
แพลตฟอร์มการเดิมพันชั้นนำของเอเชีย
ข่าวกีฬาวันนี้
เว็บไซต์รวมกีฬาและภูมิศาสตร์มนุษย์ของประเทศไทย
ฟุตบอลวันนี้ ถ่ายทอดสด
ผล บอล ไทย สด
โปรแกรม บอล ไทย u23
8xbet ออนไลน์
8xscore
ข่าวฟุตบอล
8xbet คาสิโนออนไลน์อันดับ1
วิธี สมัคร บา คา ร่า มือ ถือ
บอล สด 888
8xbet
สกายสปอร์ต
การดำเนินชีวิตที่เทคโนโลยี
ดูบอลออนไลน์ ไม่กระตุก
วิธี สมัคร บา คา ร่า มือ ถือ
สำหรับคอกีฬาอย่างคุณไม่ควรพลาด
8xbet สโมสรกีฬาออนไลน์และคาสิโน
คาสิโนออนไลน์ 8xbet
ไฮไลท์ฟุตบอลตารางบอล
ดูบอลออนไลน์ทุกลีกทั่วโลก
ผลบอลสดวันนี้
ฟุตบอลต่างประเทศ
8xbet คาสิโนออนไลน์
ดูบอลสดฟรี
ดูบอลฟรี android tv รองรับทุกระบบ
ข่าวฟุตบอลไทย
ข่าวฟุตบอลล่าสุด
8xbet เว็บคาสิโนสด
บอลไทย ตารางแข่ง
Nuru Sports Club
ดูฟุตบอลออนไลน์
8xbet เว็บบาคาร่าออนไลน์
ข่าวฟุตบอลไทยล่าสุด
วันนี้ล่าสุด
Sunshine Sports
ผลบอลพรีเมียร์ลีก
ข่าวฟุตบอลไทยล่าสุด
ดูบอลสดดูบอลออนไลน์
และกีฬาอื่นๆ
ผลบอลเมื่อคืน
8xbet เครดิต ฟรี
สารานุกรม
8xbet
ข่าวกีฬาวันนี้
ผลบอลสด
แทง บอล ขั้น ต่ํา
ผล บอล พรีเมียร์ ลีก อังกฤษ ล่าสุด ลา ลิ กา
บอลไทย
ตารางบอลล่าสุด
พรีเมียร์ลีก
ผลบอลผลบอลสด
โปรแกรม บอล
ข่าวการแข่งขันฟุตบอล
เว็บดูบอลออนไลน์ที่จะช่วยให้คุณ
8xbet คาสิโนออนไลน์
ดูทีวีออนไลน์
8xbet คาสิโนบาคาร่า
ดูบอลสด
การคาดการณ์การแข่งขันอ
ได้เครดิตฟรี 100 บ
โปรแกรม ถ่ายทอด ฟุตบอล สด
อัปเดตข่าวฟุตบอล ล่าสุด
ถ่ายทอดสดฟุตบอล
ฟุตบอลเชลซีถ่ายทอดสด
วิธีแทงบอลในเว็บ
ถ่ายทอดสดฟุตบอล
แทง บอล ออนไลน์ ยัง ไง
อัตรา แทง บอล
พนัน บอล สด
รวมข่าวฟุตบอล ผลบอล
ผลบอลสด7m888
8xbet การพนันออนไลน์
ข่าวกีฬา
ผลบอลสด
8xbet คาสิโน มีอะไรบ้าง
ฟุตบอลทีมชาติไทย
ตาราง ฟุตบอล ทุก ลีก
แทง บอล คือ อะไร
ตาราง คะแนน พรีเมียร์ ลีก
โปรแกรมถ่ายทอดสด
ดูบอลออนไลน์
ข่าวกีฬา
บอล พรีเมียร์ ลีก
คะแนน บอล สด
ผลฟุตบอล
ผลฟุตบอลไทยวันนี้
ผลบอลสดไทยทุกแมชทั่วโลก
ข่าวกีฬาออนไลน์
ไฮไลท์ฟุตบอล
Sports Around Thai
8xbet เครดิตฟรี50 แทง บอล
ไฮไลท์ฟุตบอล
สล็อตออนไลน์
กีฬาต่างประเทศ ผลบอล
เดิมพันแมนเชสเตอร์ซิตี้
ผลบอลสด888
8xbet คาสิโนออนไลน์เว็บตรง
ไฮ ไล ท์ แมน ยู ล่าสุด
ผล บอล พรีเมียร์ ลีก อังกฤษ ล่าสุด
เว็บไซต์เดิมพันกีฬาที่ดีที่สุด
ดูบอลออนไลน์
เดิมพันกับ 8xbet
วิเคราะห์บอล
8xbet
8xbet คาสิโนออนไลน์ที่ดีที่สุดในเมืองไทย คา
ข่าวกีฬาวันนี้ ล่าสุด
ดูฟุตบอลออนไลน์
ดูบอลสดไทย
8xbet สล็อตแมชชีน
พนัน บอล สด
ข่าวบอลพรีเมียร์ลีก
แม็กกี้ สปอร์ต
8xbet
ข่าวกีฬา ล่าสุด
4U Sports Thai
8xbet คาสิโนพรีเมียม
ข่าวกีฬาล่าสุด
ผลบอลสด888 บอลพรุ่งนี้
เกมสล็อต 8xbet
ดูบอลออนไลน์ทุกลีกทั่วโลก
ผล บอล สด 365
ผลบอลพรีเมียร์ลีก
8xbet คาสิโนออนไลน์
8xbet
กีฬาแห่งประเทศไทย
8xbet
ถ่ายทอดสดฟุตบอล
ข่าวกีฬาไทย 24
สล็อตออนไลน์เว็บตรงไม่ผ่านเอเย่นต์ PG SLOT99
ผล บอล สด sbobet
เว็บโป๊กเกอร์ออนไลน์ ที่ pokerthai99
ผลบอลสด
ฟุตบอลไทยวันนี้ช่องไหน
อัตรา แทง บอล วิเคราะห์บอล
รายการ บอล วัน นี้ พรีเมียร์ ลีก
ผลฟุตบอลไทยวันนี้
ถ่ายทอดสด บอลวันนี้ ช่อง
ถ่ายทอดสด บอลวันนี้ ช่อง
ทีเด็ดบอลวันนี้ 4 คู่ผลบอลสด
ตารางบอลวันนี้ ทุกลีก ภาษาไทย
ดูวิเคราะห์บอลวันนี้
ไทยลีก วันนี้ ถ่ายทอดสดไทยลีก วันนี้ ถ่ายทอดสด ช่อง ไหน
โปรแกรม พรีเมียร์ ลีก อังกฤษ ถ่ายทอด สด
เช็ค ผล บอล วัน นี้ พรีเมียร์ ลีก อังกฤษ
888 ผล บอล ผล บอล สด