Данов: Навистина, дали доволно направивме за Рацин??

Објавено на 24 септември, 2020 во 15:48

Racin fin

24.09.2020

Во предвечерјето сме на педесет и седмите ,,Рациновите Средби“, годинава во месец септември. И повторно поезија, нови книги, реферати… Недостасува само едно, вистината за погибијата на Кочо Солев на Лопушник. Дали сите ние направивме доволно да се дознае вистината? Не би рекол дека направивме.

Книгата за Рацин е пишувана користејќи споредбени факти од директните разговори со соборците на Рацин и негови современи¬ци, кои се водени во 1992 година како и врз новооткриени документи потоа.

Овој текст е само дел дел од книгата која е во подготовка и е печатена во Збирката текстови ,, 80 години ,,Бели Мугри“, поточно во Зборник на текстови , издаден во Велес 2019 година , а се наоѓа на 101 страна.

Многу случајни или намерни настани се случиле тоа летно попладне во 1943 година на Лопушник, а се поврзани со убиството на македонскиот поетот и револуционер, Коста Солев Рацин.

Сите што биле присутни тој ден на Лопушник се сложуваат дека Рацин живеел уште два часа откако бил погоден со куршум во сплет на чудни околности. Не им давале на другите борци ни да го преместат од местото каде бил погоден и легнат. Тука и починал. Се поставува прашањето зошто не е однесен во Штабот и таму соодветно згрижен и превиен!?

Ми раскажуваа како ги откопале посмртните остатоци на Рацин на Лопушник:
,, Ни покажаа каде е отприлика гробот на Кочо и јас силно замавнав со копачот. Притоа, со врвот од копачот го пробив черепот на покојникот. Кога го откопавме плиткиот гроб пронајдовме леш и делови од облека, шинел, чевли…
Телото на Рацин беше како мумифицирано, нераспаднато, како да е жив. Дури и косата не му беше падната.
Шинелот веднаш го однесоа некаде, како да не сакаа да го видиме. Се` што најдовме од лични предмети, ставивме во дрвен сандак. ”
,, Ме прашуваш дали имаше делови од завој !?? Не, ми се чини такво нешто немаше на лешот… Чудно е тоа, не го ни превиле и го оставиле да искрвари..!! ”

Скоро секаде и општо прифатено е дека Рацин е убиен навечер, во мрак, кога видливоста била многу мала. Но, неговиот соборец Киро Георгиевски – Дејан тврдеше дека Рацин е погоден некаде помеѓу 13 и 13:30 часот, при сончево време и добра видливост!! Тој тоа го знаел бидејќи носел часовник на раката. Зошто е прво тука искривена вистината?

Растојанието каде бил стражарот, па до местото каде што бил погоден и паднал Рацин е едвај 20-30 метри. Званично, Рацин бил погоден со еден куршум во стомакот, на десната страна. Тоа е званичната верзија. Но, приодот на Рацин кон местото каде бил забележан од стражарот ни дава за право да се сомневаме дека навистина е погоден во десната страна токму од тоа место! Попрво би бил погоден во левата слабина, ако навистина приоѓал од таму кон стражарот.

Значи тој би бил свртен кон стражарот со левата страна на телото и тоа бочно. Стражарот можел да го погоди во глава, врат, лева рака или нога, но никако во десната слабина!

Втората варијанта е дека Рацин му приоѓал со лицето на стражарот и во тој случај, под услов стражарот да бил скриен во буките, во моментот кога влегол во неговото видно поле би бил оддалечен многу помалку од 20 мeтри. И да бил тотално глув, сепак би го видел стражарот и би застанал!

Сите теории дека видливоста била мала, дека Рацин бил наглув – отпаѓаат! Теоријата за глувоста на Рацин ја покренал токму Страхил Гигов, кој како велешанец имал сознанија за тоа. Но, во овој случај тоа воопшто не влијаело на погибијата на поетот.

Групата раководители од Штабот во моментот на пукањето наводно биле во село Кленоец на разговор со селскиот оџа. Тие го слушнале (!??) пукотот , а потоа дошол и еден борец кој кажал што се случило.

Прво, местото на погибијата се наоѓа во густа шума и е како во дупка, па единечен истрел тешко да предизвика внимание и тоа дури во селото. Сите борци се сложуваат дека Абас, Страхил, Крсте и Д. Радосављевиќ за многу кратко време дошле на местото на случувањата. Ако биле во село Кленоец тешко можеле толку брзо да дојдат и од прва да го најдат местото каде се случил инцидентот!

Уште при пристигањето Страхил рекол дека се` е јасно и не е потребна истрага, бидејќи во близината имало балисти!?? Ова никако не можело да влијае на некаква си истрага! Велат борците дека никој тогаш со денови не видел во близина балисти, ниту имало борби и сомнителни движења.
Никој не ја земал, ниту ја прегледал пушката на Мино од која, наводно, било пукано! Во една прилика по војната Мино тврдел дека во магацинот имал 3 куршуми и дека и по инцидентот можело да се види дека сите куршуми стоеле во магацинот на пушката! Кога го прашале зошто тоа не го кажал, рекол дека никој не го ни прашал!?

Во средината на 1944 година Тито го повикал Темпо на Вис, за да му реферира каква е воената и политичка ситуација во Македонија.
И покрај правдањето, Тито не ја прифатил информацијата на Темпо за ,,случајот Рацин”. Според Вељко Влаховиќ, Тито знаел за Рацин и неговата поезија, ја имал и оригиналната книга ,, Бели мугри”, а еднаш кога бил во Самобор се интересирал и ја посетил печатницата на Драгутин Шпулер, каде е печатена книгата.

Темпо го бранел својот став дека Рацин бил ,,опортуниста, бугараш и бунтовник”. Нагласил дека Рацин не сакал да носи ,,титовка”, туку за цело време го носел својот качкет со кој дошол од Велес! Велел дека ,,доста носевме шајкача, време е тоа да го смениме”. Рацин се залагал за автентична униформа на македонските партизани земајќи ја за основа мијачка машката народна носија од Поречието. Дури постои и фотографија на која е снимен во таква носија.

Кочо бил лут кога слушнал дека по војната службен јазик во новата држава ќе биде српскиот јазик, Тој зборувал дека ,, јазикот треба да го ослободиме и со него да се разбираме, а не тој да не дели! ”.

Сите овие фрази изворно ги слушав и запишав од своите постари соговорници. Сите велеа дека Рацин се запишувал, дека постоеле и куцани на машина статии. Посебно бил горд на една статија каде објаснувал зошто велешкиот говор треба да биде основа на македонскиот литературен јазик.
,,Мораме да создадеме јазик на кој литературно ќе пишуваме, ќе твориме. Тоа на нашите деца да им го оставиме. Нас само јазикот старите ни го оставиле, ама ние треба да одиме понатаму и јазикот да го преточиме во нешто со што ќе се гордееме и ќе се разликуваме од другите ”.
Интересно е што во своите мемоари Темпо воопшто не се осврнува на ова и не пишува за ,,случајот – Рацин”. Како да немало таков човек во неговиот Штаб! И тој воопшто немал конфликтни ситуации со него!?

Темпо сепак долго време претставувал ,,страв и трепет“ во Македонија. Страхил Гигов се до 1963 година упорно ја амортизирал секоја помисла за отворање на случајот на Кочо Солев Рацин, иако фамилијата Солеви многу пати и писмено интервенирала до највисоките институции.
Во 1963 година според нашиот сограѓанин Методија Демниев, тогаш Претседател на велешкиот огранок на ССРНЈ, лично во Велес дошол Вељко Влаховиќ и од име на Јосип Броз Тито го пренел предлогот за воспоставување на манифестацијата ,,Рацинови средби“, најмасовна поетска приредба на поети од цела Југославија, со помош на целата Југословенска заедница.

На состанокот Страхил Гигов предложил манифестацијата да се одржува во Скопје, но Влаховиќ нагласил дека токму Велес треба да биде носител на една таква активност и нема логика место велешани, со настанот да раководат скопјани!

Што значи ова нагла промена на ставовите за Рацин? Велешани често се прашувале зошто посмртните остатоци на Рацин не почиваат во посебен гроб? Се слушаат предлози гробот на Рацин да се врати во дворот на црквата ,,Свети Великомаченик Пантелејмон“ во Велес или да се постави на друго, видно место!

Коските на Рацин почиваат во колективната крипта на Спомен костурницата во Велес, во дрвено сандаче. За да се соберат сите коски на поетот, некои коски морало да се кршат! Ова наишло тогаш на големо негодување на фамилијата Солеви.

Точно е дека Рацин е избркан од КПЈ, благодарение на некои искривени и тенденциозни ставови, пред се` на велешките комунисти на чело со Страхил Гигов. Но, се видело дека Рацин и треба на партијата, а не таа нему. Затоа и Рацин бил повикан да дојде во партизани, за да може со својата работа да даде допринос пред се во агитацијата за оправданоста на таа борба, која имала голема поткрепа во рациновото пишување.
Рацин постојано говорел – ,, Ќе победиме! “ бидејќи бил уверен во тоа. Впрочем, тој заминал во партизани на повикот на КПЈ, иако не бил нејзин член, туку поради својот изграден револуционерен став и својата поетска занесеност.

Иако имало предлози Рацин повторно да биде примен во редовите на КПЈ, сепак неколку пати било нагласувано дека ,, еден партиски раководител од Велес се противи на тоа“. Дури било нагласувано дека ,, каков партизан и револуционер бил Рацин кога ниту еден куршум не испукал во револуцијата…“!!

Многу ме навредува лично, кога ќе прочитам дека Коста Рацин ,,не испукал ниту куршум, а сепак се слави како народен херој !….“
Секој Рацинов збор е еднаков на сто испукани куршуми кон непријателот.

Значи, секое сомневање во револуционерното дејствување на Рацин е мизерно и лицемерно и треба да се свати како тенденциозно и љубоморно потиснување на вистината.

Точно е тоа, веројатно не испукал ниту куршум кога му било одземено оружјето, но се прашувам колку куршуми испукале Страхил, Крсте, Добривоје и Темпо ??

Рацин не бил револуционер од типот – ,, ја активира бомбата и легна врз неа..“ но со својата поезија и статиите кои ги пишувал и објавувал бил перјаница на она што се вели – ,, македонската револуционерната мисла“

Рацин е првиот Македонец кој напишал и издал поетска книга на македонски јазик, уште пред тој јазик да биде признаен на овие простори. Затоа е посебно значаен за Македонија. Неговата заложба била да создаде македонска азбука, да го воздигне јазикот на ниво на ,,литературен македонски јазик“ земајќи го велешкиот говор за основа. Тоа се постулатите врз основа на кои подоцна Конески и Кепески го формулирале литературниот македонски јазик, во слободна Македонија.

Двете торбици со материјали на Рацин земени од печатницата на Лопушник, кријат многу тајни во врска со овие наводи. Да бидеме правични, никој не ја оспорува улогата на Конески за јазикот, но треба да се земе во предвид и фактот – со која идеа тој ја започнал финализацијата на македонскиот литературен јазик? Ако е Рацинова идеата, тоа треба да се знае и да се истакне.

Се знае дека Кочо уште на робија размислувал и создал македонска азбука, но покасно ја усовршил и верувал дека тоа е основата за создавање македонски литературен јазик. Интересна е и употребата на буквите ќ и ѓ , за кои Рацин пишува дека ги има и постојат во велешкиот говор и се добра замена за бугарските щ и Ь.

Рацин доста напишал и за македонскиот јазик и разликите што тој ги има од бугарскиот и српскиот јазик. Со тоа докажува дека сепак сме различни од србите и бугарите, токму во особеностите на јазикот. Македонскиот јазик, вели Рацин, не може да биде некаков си дијалект на бугарскиот, бидејќи има други специфичности, кои ги нема бугарскиот јазик.

Рацин постојано пред војната бил омаловажуван, плукан и бојкотиран! Потоа неговите дела се разграбени, растурени и омаловажени! Во 1939 година неговата стихозбирка ,,Бели Мугри“ била палена и забранета за читање во Прилеп! Го нарекоа ,,голем вмро-вец”, дури и ,,џуџето Рацин ”.

Велат, вистината секогаш излегува на виделина – овојпат многу тешко. Факт е што убиството на Рацин било добро чувана тајна на цела една ,,плејада борци за слобода на Македонија”!

Во 1992 година со уште двајца пријатели направивме еден неверојатен упад во системот на ,,старите вредности“ и на терен , во разговор со директните учесници на случувањата на Лопушник дознавме многу. Решението ни беше пред очи, ама бевме некако претерано самоуверени и одевме во погрешен правец. Сега гледам зошто – ни фалеше пишан документ !! Сега го имаме.

Многумина борци не` бојкотираа, дури и не` бркаа од нивните ,,орловски“ гнезда. Во 1993 година во весникот ,,Дело“ излезе во три продолженија серијал за можното убиство на Рацин. Реакции немаше! Тек-тук, што би се рекло. После се` отиде во заборав и во ,,бункер“. Така барем некои мислеа.

Одевме полека, систематски, а фактите и документите излегуваат на виделина. Совршено убиство – нема! Иако сведоците до крај останаа неми или на чуден начин беа отстранети (читај – ликвидирани!), сепак мозаикот полека се сложуваше.

Заслугите на Рацин се големи, сега уште поголеми. Нескромно е да речам дека тој е творецот на постулатите на литературниот македонски јазик и две азбуки кои лично ги составил – и поради тоа бил убиен!

Рацин крие уште многу тајни. Допрва ќе излегуваат на виделина негови непознати дела, на рака пишувани или на машина отчукани. Тие се тука некаде, кружат, се нудат, се продаваат.

Ќе има уште што да одгонетнуваме и читаме од Рацин.

И на крај – да резимираме. Дојдов до крајот на баладата за Рацин.

Пораката нека биде јасна – Рацин е голем, единствен. Дали бил безгрешен или не, дали бил добар поет и визионер, нека кажуваат идните генерации.

Рацин не запира тука, Рацин не умира сега. Тој ќе продолжи да не обзема и ќе биде наша вечна инспирација.

Впрочем, денес поезијата на Рацин има силина и цврстина исто како и во моментот кога е напишана и прочитана. И денес има обесправени, угнетени, копачи, тутунари, пролетери …. Тие го имаат правото да го дигнат својот глас и громогласно да го рецитираат Рацин !

Професорот др. Блаже Ристевски на самиот крај на книгата ,,Животот и делото на Кочо Рацин 1908 – 1943“, издание 2003 година вели:

„ Во овие долги шест децении десетици верзии исплетоа сведоците и учесниците за Рациновата смрт. Една со една не се совпаѓаат. Ќе ја каже ли најпосле вистинската вистина за митолошкиот крај на Кочо Рацин?

Не e ли веќе време Народната библиотека во родниот град на Рацин во иднина да го носи неговото име?

А сегашната годишнина од неговата смрт нели е достатен повод за да се реализира и мојот дамнешен предлог, па посмртните останки на поетот и културно-националниот деец Рацин, најпосле да бидат изделени и погребани во посебен гроб на избрано култно место, достојно и за градот и за неговата татковина?“

Љупчо Данов

 

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.

8xbet คาสิโนออนไลน์888
8xbet
8xbet
ผลบอลสดไทยทุกแมชทั่วโลก
วิธี สมัคร บา คา ร่า มือ ถือ
ดูบอลสดดูบอลออนไลน์
ข่าวฟุตบอล
8xbet บาคาร่า
8xbet เว็บพนันออนไลน์เว็บตรง
บอลไทย U23
แทง บอล เดี่ยว
ข่าวบอลอังกฤษ
การคาดการณ์การแข่งขัน
8xbet คาสิโนสด
คะแนน ผล บอล สด 888
พัทยาสปอร์ต
ข่าวกีฬาเขตร้อน
ผลบอลสดวันนี้
ดูบอลสด
ถ่ายทอดสดฟุตบอล
ราคา บอล ภาษา ไทย
8xbet แจกเครดิตฟรี 1000บาท
ไทยล่าสุดฟุตบอลยุโรป
ดูบอลออนไลน์888
โปรแกรม ฟุตบอล ไทย วัน นี้
8xbet
888 ผล บอล สด ภาษา ไทย
8xbet-สล็อตแมชชีน
ถ่ายทอดสดฟุตบอลวันนี้
ดูการแข่งขันฟุตบอลออนไลน์
วันนี้ล่าสุดฟุตบอล
ดูบอลสด
ดูบอลสดดูบอลออนไลน์
กษัตริย์สปอร์ต
เว็บข่าวกีฬา
ข่าวกีฬา ข่าวฟุตบอล
ดูบอลสด
ผล บอล ไทย 888
ฟุตบอลไทยล่าสุด
บอล วัน นี้ บ้าน ผล บอล
ผลบอลสดไทย
ผล บอล สด 888
อัปเดตข่าวบาดเจ็บ ล่าสุด
ผล บอล สด ตาราง คะแนน
ดูฟุตบอลออนไลน์
ข่าวกีฬา ผลการแข่งกัน
8xbet
ตาราง บอล สด ไทย
วิธี สมัคร บา คา ร่า มือ ถือ
ข่าวกีฬาวันนี้
ผลบอลสดวันนี้
8xbet
ข่าวกีฬาสดใหม่
Sport Live News
8xbet สล็อตออนไลน์
8xbet คาสิโนสด
meta789 สถานีข่าวกีฬาฟุตบอล
การเดิมพัน 8xbet
ผล บอล ไทย สด
8xbet
8xbet - หน้าแรกการเดิมพันออน
8xbet คาสิโนออนไลน์
ดูบอล ดูบอลสด
8xbet เข้าสู่ระบบ
8xbet คาสิโนออนไลน์
8xbet คาสิโนสดไทย
8xbet
ดูบอลสด วันนี้ HD ครบทุกคู่
ข่าวกีฬาวันนี้
8xbet คาสิโนถูกกฎหมาย
ดูบอลสดดูบอลออนไลน์
คะแนนฟุตบอล และข่าวสาร
8xbet
ดูบอลออนไลน์
ข่าวกีฬา ฟุตบอล
บอลไทย U23
ผล บอล พรีเมียร์ ลีก
TNS Thai Sport
ตก็สามารถดูบอลออนไลน์ได้ทันที.
8xbet
พนัน บอล สด
ดูบอลสดดูบอลออนไลน์
ตารางบอล
แพลตฟอร์มการเดิมพันชั้นนำของเอเชีย
ข่าวกีฬาวันนี้
เว็บไซต์รวมกีฬาและภูมิศาสตร์มนุษย์ของประเทศไทย
ฟุตบอลวันนี้ ถ่ายทอดสด
ผล บอล ไทย สด
โปรแกรม บอล ไทย u23
8xbet ออนไลน์
8xscore
ข่าวฟุตบอล
8xbet คาสิโนออนไลน์อันดับ1
วิธี สมัคร บา คา ร่า มือ ถือ
บอล สด 888
8xbet
สกายสปอร์ต
การดำเนินชีวิตที่เทคโนโลยี
ดูบอลออนไลน์ ไม่กระตุก
วิธี สมัคร บา คา ร่า มือ ถือ
สำหรับคอกีฬาอย่างคุณไม่ควรพลาด
8xbet สโมสรกีฬาออนไลน์และคาสิโน
คาสิโนออนไลน์ 8xbet
ไฮไลท์ฟุตบอลตารางบอล
ดูบอลออนไลน์ทุกลีกทั่วโลก
ผลบอลสดวันนี้
ฟุตบอลต่างประเทศ
8xbet คาสิโนออนไลน์
ดูบอลสดฟรี
ดูบอลฟรี android tv รองรับทุกระบบ
ข่าวฟุตบอลไทย
ข่าวฟุตบอลล่าสุด
8xbet เว็บคาสิโนสด
บอลไทย ตารางแข่ง
Nuru Sports Club
ดูฟุตบอลออนไลน์
8xbet เว็บบาคาร่าออนไลน์
ข่าวฟุตบอลไทยล่าสุด
วันนี้ล่าสุด
Sunshine Sports
ผลบอลพรีเมียร์ลีก
ข่าวฟุตบอลไทยล่าสุด
ดูบอลสดดูบอลออนไลน์
และกีฬาอื่นๆ
ผลบอลเมื่อคืน
8xbet เครดิต ฟรี
สารานุกรม
8xbet
ข่าวกีฬาวันนี้
ผลบอลสด
แทง บอล ขั้น ต่ํา
ผล บอล พรีเมียร์ ลีก อังกฤษ ล่าสุด ลา ลิ กา
บอลไทย
ตารางบอลล่าสุด
พรีเมียร์ลีก
ผลบอลผลบอลสด
โปรแกรม บอล
ข่าวการแข่งขันฟุตบอล
เว็บดูบอลออนไลน์ที่จะช่วยให้คุณ
8xbet คาสิโนออนไลน์
ดูทีวีออนไลน์
8xbet คาสิโนบาคาร่า
ดูบอลสด
การคาดการณ์การแข่งขันอ
ได้เครดิตฟรี 100 บ
โปรแกรม ถ่ายทอด ฟุตบอล สด
อัปเดตข่าวฟุตบอล ล่าสุด
ถ่ายทอดสดฟุตบอล
ฟุตบอลเชลซีถ่ายทอดสด
วิธีแทงบอลในเว็บ
ถ่ายทอดสดฟุตบอล
แทง บอล ออนไลน์ ยัง ไง
อัตรา แทง บอล
พนัน บอล สด
รวมข่าวฟุตบอล ผลบอล
ผลบอลสด7m888
8xbet การพนันออนไลน์
ข่าวกีฬา
ผลบอลสด
8xbet คาสิโน มีอะไรบ้าง
ฟุตบอลทีมชาติไทย
ตาราง ฟุตบอล ทุก ลีก
แทง บอล คือ อะไร
ตาราง คะแนน พรีเมียร์ ลีก
โปรแกรมถ่ายทอดสด
ดูบอลออนไลน์
ข่าวกีฬา
บอล พรีเมียร์ ลีก
คะแนน บอล สด
ผลฟุตบอล
ผลฟุตบอลไทยวันนี้
ผลบอลสดไทยทุกแมชทั่วโลก
ข่าวกีฬาออนไลน์
ไฮไลท์ฟุตบอล
Sports Around Thai
8xbet เครดิตฟรี50 แทง บอล
ไฮไลท์ฟุตบอล
สล็อตออนไลน์
กีฬาต่างประเทศ ผลบอล
เดิมพันแมนเชสเตอร์ซิตี้
ผลบอลสด888
8xbet คาสิโนออนไลน์เว็บตรง
ไฮ ไล ท์ แมน ยู ล่าสุด
ผล บอล พรีเมียร์ ลีก อังกฤษ ล่าสุด
เว็บไซต์เดิมพันกีฬาที่ดีที่สุด
ดูบอลออนไลน์
เดิมพันกับ 8xbet
วิเคราะห์บอล
8xbet
8xbet คาสิโนออนไลน์ที่ดีที่สุดในเมืองไทย คา
ข่าวกีฬาวันนี้ ล่าสุด
ดูฟุตบอลออนไลน์
ดูบอลสดไทย
8xbet สล็อตแมชชีน
พนัน บอล สด
ข่าวบอลพรีเมียร์ลีก
แม็กกี้ สปอร์ต
8xbet
ข่าวกีฬา ล่าสุด
4U Sports Thai
8xbet คาสิโนพรีเมียม
ข่าวกีฬาล่าสุด
ผลบอลสด888 บอลพรุ่งนี้
เกมสล็อต 8xbet
ดูบอลออนไลน์ทุกลีกทั่วโลก
ผล บอล สด 365
ผลบอลพรีเมียร์ลีก
8xbet คาสิโนออนไลน์
8xbet
กีฬาแห่งประเทศไทย
8xbet
ถ่ายทอดสดฟุตบอล
ข่าวกีฬาไทย 24
สล็อตออนไลน์เว็บตรงไม่ผ่านเอเย่นต์ PG SLOT99
ผล บอล สด sbobet
เว็บโป๊กเกอร์ออนไลน์ ที่ pokerthai99
ผลบอลสด
ฟุตบอลไทยวันนี้ช่องไหน
อัตรา แทง บอล วิเคราะห์บอล
รายการ บอล วัน นี้ พรีเมียร์ ลีก
ผลฟุตบอลไทยวันนี้
ถ่ายทอดสด บอลวันนี้ ช่อง
ถ่ายทอดสด บอลวันนี้ ช่อง
ทีเด็ดบอลวันนี้ 4 คู่ผลบอลสด
ตารางบอลวันนี้ ทุกลีก ภาษาไทย
ดูวิเคราะห์บอลวันนี้
ไทยลีก วันนี้ ถ่ายทอดสดไทยลีก วันนี้ ถ่ายทอดสด ช่อง ไหน
โปรแกรม พรีเมียร์ ลีก อังกฤษ ถ่ายทอด สด
เช็ค ผล บอล วัน นี้ พรีเมียร์ ลีก อังกฤษ
888 ผล บอล ผล บอล สด