„Автобиографија во слики“ изложба на Новица Трајковски во Кавадарци
Објавено на 5 април, 2021 во 11:41
05.04.2021
Во Галеријата при Домот на култура „Иван Мазов – Климе“ во Кавадарци, во петок, ќе биде отворена самостојна изложба на познатиот македонски ликовен уметник Новица Трајковски од Скопје.
Изложбата е насловена како „Автобиографија во слики“ и истата ќе се одвива според Протоколите за работа во време на ковид пандемија со ограничен број на посетители. Задолжително носење на заштитна маска, оддржување на растојание од 2 метри и честа дезинфекција.
Почетокот на отварањето на изложбата е закажан од 19:00 часот.
Стефани Манева