Учениците покажуваат интерес за конкурсот на Стрип центар на Македонија-Велес
22.04.2021
Секоја година Стрип центарот на Македонија-Велес, организира интернационален стрип конкурс, како дел од традиционалниот „Стрип салон“, на меѓународно ниво. Пред два месеци тие го објавивја конкурсот „Велес 2021- Златен Стрип“ за кој заинтересираност покажале голем број на ученици. За разлика од претходните години кога интересот на учениците беше предизвикувачки за Стрип центарот Македонија –Велес, годинава оваа граѓанска организација одлучи да мотивира што поголем број на ученици си тоа што конкурсот го испрати до училиштата.
-Ние ги исконтактиравме сите училиштата со цел нивните ученици да завземат учество на овогодишниот стрип конкурс. Пресреќни сме што голем број на ученици покажаа интерес за стрипот во Македонија. Тие се инспирирани од своите наставници кои имале среќа да ја негуваат деветата уметност, рече Трајков.
Според македонската стрип сцена , уметничкиот и едукативниот потенцијал на стрипот треба да има поширок интерес во Македонија. Од граѓанската организација се категорични дека во секое училиште треба да се изучува стрип уметноста како дел од наставениот процес, бидејќи се уверени дека младите луѓе токму преку него можат да ги искажат своите чувства. Наместо под клупа истиот да се најде на клупите во сите училишта низ државата.
-Во Хрватска стрипот се изучува во училиштата, а во Бугарија е дел од високото образование. Кај нас, за жал, нема интерес тој да стане дел од формалното образование, барем во дел од часовите по ликовно. Стрипот не се изучува како посебен предмет ниту во средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“ во Скопје ниту на Ликовната академија. Деветтата уметност има можност да ги наведе тинејџерите да си го најдат својот раздвоен пат, како личност, во еден друг позитивен правец. Непознат е за мене стрип каде што негативците победуваат-можеби хероите не победуваат секогаш, но никогаш не губат. Тоа е многу важно како порака во животот , додаде Трајков.
Годинава Стрип центарот на Македонија – Велес, беше дел од меѓународениот проект фокусиран на минатото и историјата.
Стефани Манева