Анабелките заминаа на натпревар во Сараево, им посакуваме многу среќа и освоени награди
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2024/03/432754739_7933067656712968_3322187865244048309_n-1024x576.jpg)
Триесет членови од Балетно студо Анабела, вчеравечер, заминаа на ново танцувачко доживување. По седми пат, годинава, од денеска до недела, 22-24 март, ќе учествуваат на Меѓународниот натпревар „Интер Денс Фест“ во Сараево и уште еднаш ќе се натпреваруваат рамо до рамо со најдобрите од Европа.
-Танцовата експедиција од Балетско студио Анабела тргнува на уште едно ново танцувачко искуство каде ќе создадеме нови другарувања и доживувања. Кореографиите, музиката и костимите ни се завршени и спремни сме повторно да бидеме меѓу најдобрите. Нека ни е со среќа првиот голем натпревар за оваа танцувачка сезона, велат од Балетско студио „Анабела“.
Исто така, тие упатија заблагодарност до Општина Велес за поддршката, верувањето и вложувањето во талентирани деца и ветија дека ќе го задржат епитот Бренд на Велес.
Стефани Манева
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2021/05/SEMM.jpg)