Донација на уметнички дела од Јордан Ѓорчев за Општа болница Велес и за Специјализирана болница Јасеново
Вкупно 12 уметнички дела од постановката на изложбата „Храбриот нов свет“ на проф. др Јордан Ѓорчев во Ликовен салон Велес денеска се подарени на двете јавни здравствени установи во велешко. Шест слики во техника масло на платно ќе го разубавуваат внатрешниот изглед на Општа болница Велес и исто толку во Специјализирана болница за белодробни заболувања „Јасеново“ во општина Чашка.
За мотивот на донацијата проф. др Јордан Ѓорчев изјави:
Уметничките дела можат да помогнат во лекувањето на пациентите, помеѓу другото рече Ангел Коруновски директор на Народен Музеј Велес.
Јасмина Матева, директорка на Специјализираната болница „Јасеново“ и др Зоран Арсовски директор на Општа болница Велес ги избраа уметничките дела и во име на јавните здравствени установи се заблагодарија за донацијата.
Уметничките дела од четврток, 11 април ќе бидат поставени во двете јавни здравствени установи. Нивната вредност е проценета на 10 илјади евра.
Убавка Јаневска