Фолклорен фестивал за лица со попреченост „Фатени за раце го менуваме светот“ во Кавадарци
Лица со попреченост ќе учествуваат на фолклорниот фестивал во Кавадарци потпомогнати од Фолклорни ансамбли од повеќе градови во Македонија.
Учесници на фестивалот се ученици од Основно училиште за деца со посебни образовни потреби „Маца Овчарова“ Велес и КУД „Коле Неделковски“ од Велес, Средно училиште за деца со посебни образовни потреби „Искра“ од Штип и КУД „Ристо Донев – Учителот“ од Штип, Дневен центар за лица со посебни потреби Неготино и КУД „Јане Сандански“ од Неготино како и ученици од посебната паралелка при ОУ „Страшо Пинџур“ од Кавадарци заедно со Фолклорен ансамбл „Тиквеш“ од Кавадарци.
Фолклорниот фестивал „Фатени за раце го менуваме светот“ ќе се одржи во
вторник, на 7 јуни 2022 година, во Дом на култура „Иван Мазов – Климе“ во Кавадарци.
Почетокот е закажан за во 19 часот и влезот е слободен.
На фестивалот поканети да присуствуваат се граѓаните на Кавадарци, вљубеници во народниот македонски мелос и ора.
Фестивалот е поддржан од Дом на култура „Иван Мазов – Климе“ Кавадарци, ОУ „Страшо Пинџур“ Кавадарци, Градоначалникот и Советот на општина Кавадарци.
Убавка Јаневска