Граѓански фото објектив: Населбата „Узус“ во Велес

Објавено на 26 февруари, 2024 во 14:59

Велешанецот Атанас Крлевски денешната инспирација за повеќе фотографии ја пронашол во делот на населбата помеѓу граѓаните позната како „Узус“. Според него од фотографски агол посебно внимание привлекувале двете исти висококатници.

-Фотографиите на колажот  се фотографии од населбата „Узус“, наречена така по средното стручно општинско училиште „Коле Неделковски“ кое на почетокот било училиште за ученици за стопанството, скратено „УЗУС“. Населбата е една од поновите во градот, недалеку од ридот Гроот, на западниот дел од градот од каде најчесто доаѓаат дождовите, вели Крлевски.

Дума.мк ги поканува граѓаните од Велес, Свети Николе, Чашка, Градско, Росоман, Кавадарци, Неготино и Демир Капија да станат  граѓански соработници на порталот со цел да ги овековечиме убавините на вашите градови и на Македонија.

Вашите фотографии испратете ни ги на нашата е-мајл адреса [email protected].

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.