Граѓански фото објектив: Рацин, вечна инспирација на велешани
Објавено на 20 мај, 2024 во 10:38
Атанас Крлевски, верниот соработник на Дума.мк, денеска ни испрати неколку фотографии чии автор е тој а се фотографирани деновиве за прикажат колку велешани се горди на својот сограѓанин Коста Солев Рацин и неговото дело.
–На овие мои фотографии е споменикот на Кочо Рацин пред гимназијата која го носи неговото име и безвремените стихови од неговата песна „Татунчо“ на предниот дел на фасадата на зградата на училиштето кои Македонците ги носат во срцата, рече Крлевски.
Фотографиите се потврда на тоа што велешани го зборуваат дека Рацин е Велес и Велес е Рацин.
Дума.мк