Граѓански фото објектив – „Железен мост“ во Велес
Објавено на 22 јануари, 2024 во 13:11
Нов понеделник, нова фотографија од велешанецот Атанас Крлевски за категоријата „граѓански фото објектив“. За својата фотографија Крлевски вели:
„Фотографијата е панорама која се пружа од пешачкото мовче, паралелно со култниот Железен мост. Ова е најкратката пешачка патека за жителите на делот од градот околу Костурницата и која е доста живописна и убава за очите.“
Дума.мк ги поканува граѓаните од Велес, Свети Николе, Чашка, Градско, Росоман, Кавадарци, Неготино и Демир Капија да станат граѓански соработници на порталот со цел да ги овековечиме убавините на вашите градови и на Македонија.
Вашите фотографии испратете ни ги на нашата е-мајл адреса [email protected].
Дума.мк