Издумани Крлевизми: „Да читам во редови ме научи училиштето. Да читам меѓу редови ме научи животот“

Објавено на 17 октомври, 2025 во 12:02

Дванаесет нови издумани Крлевизми за книгата. Овој дождлив петок прочитајте ги… и дозволете им да ве насмеат, замислат или потсетат на некоја ваша вистина облечена во апсурд.

-Книгата се помалку се чита. Се повеќе се раѓаат сезнајковци.

-Да читам во редови ме научи училиштето. Да читам меѓу редови ме научи животот.

-Денес ако не те читаат, значи си добар писател.

-Купува книги. Заради декорот во станот.

-Најубавата книга која не сум ја прочитал: ЖЕНА.

-Некои луѓе мислат дека се книги. Ум немаат, а ум даваат.

-Потешко е да издадеш книга отколку својот народ. За второто има повеќе помагатели.

-Открив што сакал да каже писателот. Ништо!

-Со жена ми постојано сме на промоции. Јас на книги, а таа на нови цени.

-Скриптата не се учи сама, ама и кафето не се пие само.

-Цветовите на науката ги красат библиотеките, а плодовите – човекот!

-Книгите се како вината. Сите се дегустираат, ама се читаат само квалитетните.

Афористичар Атанас Крлевски

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.