Издумани Крлевизми: „Некогаш се делеа ордени, а денес – тендери!“
Објавено на 24 јануари, 2025 во 10:07
Неделните „Издумани Крлевизми„ Вашиот афористичар и сатиричар Атанас Крлевски ги посветува на следниве теми:
„Вистината сите ја знаат, ама јас си имам своја.“
„Купувајте домашни производи. Сите се на цена.“
„Се претставува како екологист. Пере пари.“
„Некогаш се делеа ордени, а денес – тендери!“
„Ако еленските рогови се трофеј за мажите, зарем роговите на мажите се трофеј за жените?„
„Бракот им виси на конец, ама жена му ги држи сите конци во своите раце.“
„Кокошката или јајцето? Обете! Блескав ум!“
„Тапкаме во место. Ја продолжуваме традицијата.“
„Во моето време имаше кадри. Денес, само врвни кадри.“
„Празни ветувања – празни џебови!“
Атанас Крлевски