Јубилејниот 20–ти ИФАД „Стоби“, под слоганот „Нови манифести“, започнува во понеделник на 2 октомври (фото и видео)
Десет денови ќе трае годинешното издание на ФАД „Стоби“ и да содржи над 20 настани од кои во девет вечери вљубениците на античка драма ќе можат да проследат исто толку претстави, во официјалната и придружната програма. Домашни и странски драмски театри од Србија, Турција, Бугарија и Казахстан ќе прикажат претстави на античките теми.
Свеченото отворање на јубилејниот Интернационален фестивал на античка драма ќе се одржи во понеделник на 2 октомври на големата сцена „Петре Прличко“ во велешки Театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ во Велес, рече градоначалникот Марко Колев и упати покана до сите вљубеници во античката драма да бидат дел од публиката.
Театарскиот фестивал и годинава,освен атрактивни претстави има богата и разновидна понуда на придружни настани. Две изложби, четири работилци, посебен актив за најмладата публика, промоција на традиционалната фестивалска публикација и тркалезни маси за претставите.
Директорот на велешки Театар “Јордан ХК Џинот“, Сашо Димоски го образложи мотото на фестивалот „Нови манифести“ како обид преку годинешното учество на преставите да се направи обид, во естетичка смисла, да се артикулираат манифестите на новото театарско време кое денеска се живее. Димоски ги соопшти театрите и претставите учеснички на фестивалот и ќе се натпреварува за четирите фестивалски награди: за најдобра машка и женска улога, најдобар режисер и најдобра претстава како и составот на Жири комисијата.
Публиката ќе има можност две претстави да гледа на сцените на битолски Театар и на Театар „Комедија“ во Скопје. Освен влезници обезбеден е и превоз.
ИФАД „Стоби“ е финансиски поддржан од Општина Велес со 500 илјади денари, од Министерство за култура со 600 илјади денари како и голем број на други финансиски поддржувачи.
Убавка Јаневска