Кои се наградените на конкурсот на Стрип центар на Македонија – Велес
Во категорија средношколци првото место го освои Ангела Петрушевска од Скопје за стрипот „Интегрираната заедница е нашата иднина”, второто место и припадна на Тамара Мишовска од Скопје за стрипот „Надеж” додека трето место на Анастасија Недељковска од, Куманово за стрипот „Верувај во себе “.
За најдобар цртеж прогласен е стрипот “Еден ден во ромското маало” на Емран Арифов од Радовиш. Награда за најдобро сценарио освои стрипот „ LOOK -ПОГЛЕД” на Елена Апостоловска од Скопје.
Специјалната награда на Стрип центар на Македонија ја доби Хасина Абдули од Гостивар за стрипот „Секојдневниот живот и проблемите на ромската популација”. Иако стрипот има повеќе страници од пропишаното, но авторката поседува видлив тален, напиша жири комисијата во образложението на наградата.
Според одлуката на истата комисија во категорија деца во основно училиште првото место го освои Вилма Дамњановска од скопската општина Петровец за стрипот „Како да се излезе од калта”, второто Aндова Меланија од Велес за стрипот “Тешкиот живот на Ромите” и третото место Анастасија Петровска – цртеж , Христина Здравковска – цртеж и Бојана Георгиева –текст за стрипот „НЕ ОСУДУВАЈ“.
За најдобар цртеж наградата ја освои Матеј Богатиновски од Велес за за стрипот „ЖИВОТ“ додека за најдобро сценарио Кристина Мишкова од Велес за стрипот “Ромите се дискриминирани речиси секаде околу светот “.
На конкурсот свои творби испратија 79 млади автори од повеќе градови, што претставува успех ако се земе во предвид краткиот рок за пријавување непосредно пред летниот распуст, рече Томе Трајков, координатор на грантот.
Инаку грантот има за цел да ја зголеми видливоста на потребите и проблемите кои ја засегаат ромската заедница преку креативна кампања и да ги поттике младите на креативно размислување за причините и решенијата. Како дел од грантот ќе произлезе Каталог во електронска и печатена верзија , а следниот месец ќе се организира посебна изложба каде што на најдобрите ќе им се доделат дипломи и награди. Овој конкурс е во склоп на грантот „ЗА НАШИТЕ СОСЕДИ И ПРИЈАТЕЛИ“, дел од „Проект на УСАИД за инклузија на Ромите“ имплементиран од Институтот за истражување и анализа на политики – Ромалитико, а финансиран од американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД).
Убавка Јаневска