Коки: „Кога на некои политичари желбата за власт ќе им удри в глава, по звукот се познава колку таа е полна“
„Добро утро и убава работна недела“, со најновите шест афоризми, им посакува афористичарот Никола Бошков Коки на сите читатели на Дума.мк. Еве што тој напиша во изминатите шест дена:
„ Лето е, тој и сопругата летуваа на море во ист хотел, но во различен месец.
Кога на некои политичари желбата за власт ќе им удри в глава, по звукот се познава колку таа е полна.
За да имате трофејни рогови, не е неопходно да поседувате ловечка дозвола, треба само сопругата да ви биде убава.
Не се сите жени исти, едни постојано зборуваат, а од други не можете да дојдете ниту до збор.
Кога секс-бомбите ќе започнат да се активираат, само импотентните се кријат во засолништа.
Не ви вреди многу сознанието дека сопругата ви е на свое место, ако некој друг е на вашето.“
КОКИ