Концерт на „Дуо Грациозо“ во дом на култура „Иван Мазов – Климе“ Кавадарци
Објавено на 7 март, 2022 во 15:34
Во пресрет на празникот на жената „8-ми март“, во Галерија при Дом на култура „Иван Мазов – Климе“ во Кавадарци ќе се оддржи концер на „Дуо Грациозо“ во состав на Невенка Дуковска – пијано и Кристина Палија – сопран. Гостин на вечерашниот концер ќе биде Слободанка Танева – мецо сопран.
Концертот ќе се одвива според сите предвидени протоколи за заштита од коронавирусот. Сите гости треба да поседуваат сертификат за примени две дози вакцина. Бројот на присутна публика е 50% од предвидениот простор.
Концертот ќе се одржи денеска, 7-ми март, со почеток во 19:00 часот.
Стефани Манева