Филмски проекции во велешки театар

Објавено на 22 февруари, 2016 во 13:48

По две проекции на филмовите „Татко“ и „Три дена во септември’ ќе се одржат во велешкиот театар. Филмот „Татко“ ќе се прикаже на 23 и 24 февруари, додека вториот на 26 и 27 месецов.

„Татко“ е првиот долгометражен игран филм на Висар Морина кој преку ликот на десетгодишното момче Нори, кое е принудено порано да созрее го прикажува ѓивотот во Косово во деведесетите години на минатиот век. Нори претрпува големи загуби и храбро се сочува со потезите на судбината. Но по прераната смртна неговата мајка тој е напуштен и од својот татко. Неговата истрајност покажува екстремна длабоќина што ја издигнува над приказната на еден бегалец. Улогите ги толкуваат Val Maloku, Astrit Kabashi, Enver Petrovci, Adriana Matoshi, Aurita Agushi Armend Ismaili, Alban Ukaj, Џевдет Јашари.

„Три дена во септември“ е дебитантски игран филм на Даријан Пејовски во продукција на Скопје Филм Студио. Станува збор за психолошки трилер, во кој двата главни ѓенски ликов, преку меѓусебниот однос ги разоткриваат своите тајни и трауми. Бегајќи од своето минато Марика ја запознава Јана, која патува кон куќата на нејзиното детство, во изолиран планински крај. Тоа е совршено засолниште за Марика, се додека не се појави локалниот полицаец Генц, кој ќе поттикне сомнеж за вистинските намери нa двете жени.

Улогите ги толкуваат Ирена Ристиќ, Камка Тоциновски, Адем Карага, Милица Стојанова, Салаетин Билал, Кирил Коруновски, Александар Микиќ, Горан Трифуновски, Фатос Крјезиу, Ментор Зимберај, Блерим Черичи.

Проекциите на двата филма се во рамки на репертоарот на тетарот Џинот, во соработка со Скопје Филм Студио./Д.С

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.