Кавадаречките труба мајстори најдобри камерни изведувачи!
Заврши третиот меѓународен фестивал за камерна музика што два дена се одржуваше во Кавадарци. Фестивалот привлече големо внимание поради квалитетната понуда. Организаторот, ОМБУ “Лазо Мицев Рале“ е задоволен од тоа како протече фестивалот.
За годинешен лауреат беше прогласен настапот на дуото Кристи Ивзи и Дора Бакиу од Тирана, Р.Албанија, а се доделија и наградите за најдобрите три состави со изведба на германска композиција. Камерниот состав Ване кој го сочинуваа трубачите од Кавадарци, Ване Трајков, Никола Трајковски, Александар Витанов и Петар Најдовски го освоија првото место. Виолинистот Кристијан Зефиќ, виолончелистката Дејана Цветаноска и пијанистката Ребека Стојкоска го освоија второто а на третото место се пласира дуо составот Вилсон Гури,виолинист и пијанистката Дора Бакиу од Тирана, Албанија.
Јерк Херера заменик амбасадор на Германија во Р.Македонија им ја додели наградата за освоено прво место и за најдобро отсвирена германска композиција на натпреварот, на трубачи од Кавадарци.
“Поминавме два прекрасни дена во одлична музика и напорно темпо, но резултатите се на завидно ниво“ оцени директорката на ОМБУ “Лазо Мицев Рале“ Кавадарци, Весна Арангелова.
